Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција.
Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
СВР Охрид апелира до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.