Гостиварец со возилото удрил во малолетник

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден, во 12.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Блажески“ во Гостивар патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(33) од гостиварска Ломница, удрило во малолетник од гостиварско Сенце.



Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK