Го грабнале и го присилиле да потпише договор за продажба на стан: кривична за тројца скопјани

1692973564_policija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.


На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан, со цел од парите од продажба да му врати долг од 5.000 евра на првопријавениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK