Среден бек од Франција ќе го засили РК Вардар

РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на …

Continue Reading

Охрид од Целје се враќа со гол негатива

Ракометарите на ГРК Охрид со негатива еден гол ќе влезат во полуфиналниот реванш, во Европскиот ЕХФ куп. Вечерва во Целје, ГРК Охрид загуби со 27:26. Вистински ролекостер одиграа охриѓани во Целје. Одлично влегоа во натпреварот, не му дозволија на противникот да постигне гол во првите 10 минути и остварија предност од 5:0. Домаќинот полека го фаќаше ритамот, ја топеше предноста …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер го потврди заминувањето на Алушовски

Стевче Алошувски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер. Тренерот поднел оставка по елиминацијата од Охрид, во полуфиналето на Купот. Алошувски го презеде Еурофарм Пелистер пред четири месеци, кога дојде на местото на Рубен Гарабаја. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од …

Continue Reading

ГРК Охрид се исплаши од победата, Вардар 1961 го освои Купот на Македонија

Вардар 1961 ја освои титулата во Купот на Македонија, откако во драмаѕичното финале, во Струмица го победи ГРК Охрид со 24:23 (13:12). Црвено-црните 18-ти пат го кренаа трофејот наменет за победникот во Купот. Финалниот меч понуди голема борба, пресврт на Вардар 1961 во последните 15 минути и незивесна завршница, во која ракометарите на Охрид имаа 35 секунди, но не успеаја …

Continue Reading

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од ко-домаќините

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година. Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, …

Continue Reading

(Видео) Дабл-дабл со 40 поени за само 26 минути на Вембањама, Јокиќ и Гилџес-Александер не играа Денвер ја победи Оклахома

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 127:107 во НБА лигата. Натпреварот во Колорадо го пропуштија неколкумина кошаркри на двата тима, меѓу кои и најдобрите Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер. Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а го реши натпреварот во своја корист на почетокот од последната четвртина кога изгради двоцифрена предност и конечно оствари убедлива победа. Денвер …

Continue Reading

ГРК Охрид и во реваншот го победи Олимпијакос

ГРК Охрид и втор пат го совлада Олимпијакос и се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Во реваншот, Охрид го победи грчкиот тим со 25:24. Охриѓани имаа контрола во текот на целиот натпревар и не дозволија изненадување, со постојано водство и сигурна игра пред домашната публика. До победата, Охрид го предводеше Анте Иванковиќ со осум гола, додека голманот Кристијан …

Continue Reading

Ненадејно почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров

Членот на руската ракометна репрезентација која ја освои титулата олимписки шампион во Сиднеј во 2000 година, Едуард Кокшаров, почина на 50-годишна возраст, соопшти белорускиот клуб Мешков од Брест, каде што тој работеше како тренер. Кокшаров беше дел и од најуспешниот период во историјата на РК Вардар. „Со длабока болка ја информираме јавноста дека главниот тренер на нашиот клуб, олимпискиот и …

Continue Reading

Пилиповиќ блескаше на голот, Охрид во Грција го победи Олимпијакос

Ракометарите на Охрид, направија голем чекор кон полуфиналето во Европскиот ЕХФ куп. Во првиот четвртфинален натпревар, во Атина, тие го победија Олимпијакос со 31:26 (15:10). Охрид покажа авторитет, со сигурна игра во сите 60 минути, обезбеди предност пред реваншот на домашен терен. На половина од првото полувреме, Охриѓани прв пат се одлепија на три голови разлика, а во последните седум …

Continue Reading