Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Хосни
Репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни и следната сезона ќе го носи дреост на Еурофарм Пелистер. „По уште една одлична сезона, соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото …
Continue Reading
Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП
Фото/ macedoniahandball.com.mk Вечерва во Клуж беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2026 година. Континеталниот шампионат ќе се одржи во пет држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција. Покрај овие селекции место на ЕП веќе обезбедија Норвешка, Данска и Унгарија. Македонските ракометарки се во групата 3 заедно со Германија, Словенија и Белгија. Првенството ќе се одржи од …
Continue Reading
Македонија загуби во Копер, Словенија обезбеди пласман на ЕП
Фото/ facebook.com/rfmofficial Ракометната репрезентација на Македонија доживеа уште еден тежок пораз од Словенија во квалифкациите за пласман на Европското првенство. Вечерва во Копер Словенија славеша со 38:27 (20:12). Натпреварот се одигра на денот кога Македонија ја потресе големата трагедија што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Европската ракометна федерација не …
Continue Reading
Македонија загуби од Словенија
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Словенија со 26:32 (16:15) во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП. Македонските ракометари покажаа „две лица“ на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлични беа избраниците на Кире Лазаров во првото, но целосно потфрлија во вториот дел. Македонија одлично го започна, во првиот дел ја достигна највисоката предност од …
Continue Reading
Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари поради настапот во Хрватска
Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари. Од владината прес-служба образложија дека парите се доделуваат како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.
Continue Reading
Федерацијата им ја исплати премијата на ракометарите од три милиони денари
Фото/ facebook.com/rfmofficial По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство. Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа …
Continue Reading
Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
ФОТО/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13). Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк. …
Continue Reading
Ракометарите и претседателот Мукаетов на гости кај американската амбасадорка, Агелер
Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот, Кире Лазаров, и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше свечено примена во Амбасадата на САД, на посета на aмбасадорката, Ангела Агелер. „Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим. Во рамки на …
Continue Reading
Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во 11.коло во Лигата на шампионите забележаа пораз во Лисабон од Спортинг (24:30). Пелистер во Лисабон беше во игра до 40.минута, кога Спортинг со серија 4:0, се одлепи на 21:17. Се уштпеаја да направат играчите на Пелистер е да се доближат на два гола негатива, но потоа Спортинг со упте една серија го реши победникот. Најефикасен …
Continue Reading