Олимписки рекорд и златен медал за Надим во фрлање копје
Ашрад Надим со олимписки рекорд го освои првиот медал во атлетика за Пакистан во историјата на Олимписките игри. Надим победи во дисциплината фрлање копје со ресзултат 92 метри и 97 сантиметри. Индиецот Нерај Чопра освои сребро со 89,45 метри. И тој како и неговиот голем ривал Надим, најдоброто фрлање го имаше во втората серија. Андерсон Петерс од Гранада ја освои …
Continue Reading
Кер: Бев загрижен, ова не го очекував
Стив Кер, селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, го оцени како тежок полуфиналниот натпревар на Олимписките игри во кој неговата репрезентација ја совлада Србија (95:91). Американците во краток период двапати на турнирот ја победија Србија, но за разлика од дуелот во групата, во полуфиналето едвај се спасија од пораз. Србите фантастично играа 36 минути, константно водеа и тоа со двоцифрена …
Continue Reading
Себија беше на чекор до сензација – Кари ги однесе САД во финалето на ОИ
Србија не успеа да направи сензација против САД во полуфиналето на Олимписките игри во Париз. Лошата секвенца во периодот од 36 до 38 минута ги однесе Србите во пораз 91:95.. Јокиќ и екипата „в раце“ го држеа Дрим тимот 36 минути, на крајот победи индивидуалниот квалитет и тоа оној на Стеф Кари кој постигна 36 поени, уфрли девет тројки од …
Continue Reading
Лајлс позитивен на корона настапил на трката на 200 метри
Американскиот спринтер Ноа Лајлс настапи на трката на 200 метри на Олимпијадата и покрај тоа што бил позитивен на тестот за коронавирус пред два дена. На почетокот на трката беше очигледно дека нешто не е во ред со Лајлс. Лошо ја започна трката, имаше гримаса на лицето во голем дел и му дозволи на Летсил Тебог од Боцвана лесно да …
Continue Reading
Тебого ги победи Американците на 200 метри
Летсил Тебого е нов олимписки шампион на 200 метри. Атлетичарот од Боцвана зад себе ги остави даворисраните Американци, сребрениот Кент Беднарек и бронзениот Ноа Лајлс, кој претходно победи на 100 метри и важаше за голем фаворит. Тебого победи со нов национален рекорд на Боцвана, 19.46 секунди. Тој е првиот атлетичар од Африка што освоил медал во оваа дисциплина. Победата на …
Continue Reading
Пепе замина во пензија
Легендарниот Кеплер Лаверан де Лима Фереира, во светот на фудбалот познат како Пепе (41), ја заврши фудбалската кариера. Заминувањето во пензија преку видео порака го објави на својот профил на „Инстаграм“. Пепе во кариерата одигра 737 натпревари за Реал, Порто, Бешикташ, Маритимо и Португалија. Неговиот договор со Порто истече на последниот ден од јуни годинава. Последниот натпревар во кариерата Пепе …
Continue Reading
Трилер завршница во „Берси“ – Франција ја победи Германија
Кошаркарската репрезентација на Франција ја совладаа селекцијата на Германија во преполната „Берси“ со резултат 73:69 и се пласираа во финалето на олимпискиот турнир. Противник на тимот на Винсент Коле ќе биде подобариот од дуелот меѓу Србија и Соединетите Американски Држави ќе се игра од 21:00 часот. Финалето се игра во недела од 21.30 часот. Германија ќе се бори за својот …
Continue Reading
Француските ракометарки ја избегнаа судбината на ракометарите, по продолженија се пласираа во финалето
Француските ракометари по голема борба и продолженија успеаја да ја совладаат Шведска со 31:28 (25:25, 10:12). Франција ќе се бори за златото, а Шведска за бронзата на Олимписките игри во Париз. Тамара Хорачек и Естел Минко постигнаа по седум гола, Мелин Ноканда четири, а Клои Валентини три гола. За Шведска, Натали Хагман постигна шест гола, Џамина Робертс пет, Кристин Торфелсдиер …
Continue Reading
„Паша Групација” од Северен Кипар нов генерален спонзор на ФК Шкупи
Фудбалскиот прволигаш Шкупи денеска го промовираше новиот генерален спонзор на клубот, моќниот динамо на турскиот фудбал „Паша Групација“ од Турската Република Северен Кипар, а пред почетокот на сезоната најави и проект за изградба на нов мултифункционален тренинг центар којшто ќе го крене македонскиот фудбал на европско ниво. „Во Македонија за жал не е многу развиено спонзорството, иако во спортот во …
Continue Reading