Варан не е пријавен за натпреварите во Серија А

Францускиот стопер Рафаел Варан извесно време нема да игра за Комо поради здравствени проблеми. Поранешниот дефанзивец на Ленс, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед играше 23 минути за италијанскиот клуб на натпреварот од Купот против Салернитана кога го повреди флексорниот мускул на бутот. Во италијанскиот шампионат не одигра ниту една минута, клубот не го стави на списокот за Серија А, па …

Continue Reading

Лабадија само три дена беше селектор на Нигерија

Германскиот стручњак Бруно Лабадија по три дена ја напушти селекторската функција на Нигерија, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа африканска земја. Како што е соопштено, договорот со Лабадија кој беше потпишан пред три дена бил раскинат бидејќи Германецот побарал ФС на Нигерија да ги покрие трошоците за данокот на плата, што било одбиено и договорот бил раскинат. „Не можеме да преземеме …

Continue Reading

Најголеми лузер на преодниот рок, Виктор Осимен и Наполи

Виктор Осимен и Наполи се најголемите губитници во преодниот рок, кој на полноќ заврши во најсилните европски национални шампионати. Алчноста и инаетот од двете страни на крајот го оставија Нигериецот на ничија земја. Виктор Осимен до јануари, како што стојат работите ќе биде на трибините. За него во тимот на Наполи нема место, откако Ал Ахли се повлече од преговорите, …

Continue Reading

Ѓоковиќ: На моменти се чувствував како аматер

Новак Ѓоковиќ, во третото коло го заврши настапот на Ју-ес опен. Србинот загуби од Алексеј Попирин со 3-1 во сетови. Ѓоковиќ одигра исклучително лош меч, повторно имаше проблем со сервисот (направи 14 дупли грешки), што во најголема мерка придонесе за поразот. По мечот накратко го анализираше поразот, но немаше ниту јасно објаснување. „Да бидам искрен не знам што се случи. …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ елиминиран од Попирин на УС Опен

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, откако загуби по четири сета со 3-1 по сетови 6-4, 6-4, 2-6, 6-4. По три и пол часа борба, Ѓоковиќ ја доживеа најраната елиминација на еден Грен слем турнир од 2017 година и Австралија Опен. Во првиот сет Попирин стигна до брејк на крајот од сетот, а …

Continue Reading

(Видео) Реакцијата на газдата на ПСЖ за новиот формат во Лига на шампиони: Ги виде противниците и остана без зборови

УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, а ждрепката за лигашкиот дел од елитното натпреварување досега не е видена. Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше еден од многумината кој бледо го гледаа извлекувањето на ждрепка за новата сезона во Лига на шампиони, во нов формат. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи очигледно воопшто не е задоволен. …

Continue Reading

Американскиот хокеар и неговиот помлад брат загинаа во сообраќајна несреќа во Њу Џерси

Американскиот хокеар и играч на Колумбус Џони Гудро (31) и неговиот помлад брат загинаа во сообраќајна несреќа во Њу Џерси.   Според полициските извештаи, во нив удрил автомобил додека се возеле со велосипеди. Johnny Gaudreau Aug. 13, 1993 – Aug. 29, 2024 pic.twitter.com/QGPsV4v7mv — Columbus Blue Jackets (@BlueJacketsNHL) August 30, 2024 Гудро, попознат како „Џони Хокеј“, одигра 11 професионални сезони …

Continue Reading

Најновото засилување на Арсенал се повреди по само три дена

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денеска потврди дека Микел Мерино ќе мора да почека за своето деби. Шпанецот потврди дека неговиот сонародник се здобил со незгодна повреда на рамото и ќе мора да паузира неколку недели. „Тој заработи незгодна повреда на рамото и изгледа дека ќе мора да паузира неколку недели. Падна на земја, а потоа врз него падна Габриел, …

Continue Reading

(Видео) Опасен инцидент во Монца – Наследникот на Хамилтон заврши во заштитната ограда

Наследникот на Луис Хамилтон во Мерцедес, италијанскиот тинејџер Кими Антонели, по само десет минути го заврши тренингот на патеката во Монца. Антонели доби шанса да вози на првиот тренинг, на место Џорџ Расел. По десет минути, кога го возеше својот петти круг, на влезот во Параблика, загуби контрола врз болидот и заврши во заштитната ограда. Болидот претрпе штета, но она …

Continue Reading