(Видео) Ливерпул се прошета до 4.коло во ФА купот
Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во 4. коло од ФА Купот со победата од 4:0 над Акрингтон Стенли. Ова беше прва победа на „црвените“ по двата разочарувачки резултати во дуелите со Манчестер јунајтед во Премиер лигата (2:2) и Тотенхем во Лига Купот (0:1). И покрај тоа што Арне Слот на теренот испрати комбиниран состав, навивачите го добија она по што …
Continue Reading
Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат
Севилја, преку претседателот на клубот се огласи во врска со одлуката на Високиот спортски совет (ЦСД) да и дозволи на барселона да ги регистрира Дани Олмо о Пау Виктор. Претходно поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација не и дозволија на Барселона да ги регистрира Олмо и Лопез. Претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско …
Continue Reading
Јанакопулос му нуди богатство на Нан, сака во ПАО да го донесе и Мициќ
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ. Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за …
Continue Reading
Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон
Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс се врати во Евертон. 61-годишникот од Глазгов на клупата го наследи Шон Дајч, кој доби отказ во четвртокот. Дајч доби отказ, поради лошите резултати, Евертон е 16-ти во Премиер лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Клубот од Гудисон Парк има само три победи од 19 натпревари во Премиер лигата. Евертон го победи третолигашот Питерборо …
Continue Reading
Монфис стана најстариот шампион на АТП турот во историјата
Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Окленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци. „Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс …
Continue Reading
Синер во април ќе се појави пред судот во Лозана
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе се појави пред Судот за спортска арбитража (CAS) во април. Овој суд ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара да биде суспендиран на најмалку еден година за допинг. Судот од Лозана објави дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати за 16 и 17 април. Се очекува пресудата …
Continue Reading
(Видео) Потер дебитираше со пораз – Астон Вила го елиминира Вест Хем од ФА купот
Астон Вила го елиминираше Вест Хем (2:1) во третото коло од англискиот ФА куп. На „чеканите“ во Бирмингем не им помогна ниту новиот менаџер, Грем Потер, кој дебитираше на клупата. Астон Вила триумфот го оствари по пресврт, откако Вест Хем стигна до предност со голот на Лукас Пакета во деветтата минута. Амаду Онана израмни за домашниот тим во 71. минута, …
Continue Reading
Олимпијакос до декласира Баерн – Везенков постигна 45 поени
Кошаркарите на Олимпијакос убедливо го совладаа Баерн во 20. коло од Евролигата, а мечот во салата „Мир и пријателство“ го одбележа феноменалниот Саша Вененков. Црвено-белите го забележаа петтиот последователен триумф, го декласираа Баерн со 112:69 и со учинок 14-6 се лидери во Евролигата. Баварците се во пад и по третиот неуспех во последните четири натпревари имаат скор 11-9. Неверојатниот Везенков …
Continue Reading
Холанд петти пат по ред е фудбалер на годината во Норвешка
Голгетерот на Манчестер сити и репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Браут Халанд очекувано е избран за фудбалер на годината во Норвешка. Тоа е петти пат по ред како Норвешката фудбалска федерација (Noregs Fotballforbund), , го прогласува напаѓачот за најдобар во изминатата година. Халанд ја освои својата прва Златна топка во 2020 година како играч на Борусија Дортмунд, кој го наследи Мартин …
Continue Reading