(Видео) Леверкузен во 90. минута ја испушти победата во Бремен

Фудбалерите на Вердер Бремен и Баер Леверкузен ремизираа во Бремен 2:2 во последниот натпревар од саботната програма од осмото коло на германската Бундес лига. „Фармацевтиците“ двапати водеа со головите на Виктор Бонифас во 30. минута и автоголот на Феликс Агу во 77. минута. Но, домашните двапати се враќаа преку Марвин Дукш во 74. минута и Роман Шмид во 90. минута. …

Continue Reading

Чави води преговори со Манчестер јунјатед, побарал да му го донесат Рафиња

Чави Ернандез од крајот на минатата сезона е без работа. Легендата на Барселона го напушти клубот, а на неговото место дојде Ханси Флик. Тиражниот каталонски „Спорт“, вечерва одјави дека Чави е главен кандидат да го наследи Ерик Тен Хаг во Манчестер јунајтед. Изворите за „Спорт“ велат дека неговите менаџери веќе се сретнале со претставници на Манчестер јунајтед, каде двете страни …

Continue Reading

Ти Џеј Шортс МВП на 5. коло во Евролигата

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч (МВП) на петтото коло во Евролигата, објавено е денеска на официјалниот сајт на елитното европско натпреварување. Париз пред два дена го совлада Монако во петтото коло од Евролигата со резултат 87:80, а на овој меч блескаше Американецот со македонски пасош. Шортс за 29 минути игра постигна 28 поени, 10 асистенции и …

Continue Reading

Нема место за играчите на Јунајтед во авионот на Сити

Манчестер јунајтед ги праша соседите дали Алехандро Гарначо и Коби Мејну можат да одат со приватниот авион што Сити го изнајми за своите играчи да летаат за Париз на доделувањето на Златната топка во понеделник. На „Олд Трафорд“ добијае негативен одговор. „Јунајтед ги праша своите соседи дали има место во авионот за двајца нивни играчи“, пишува „Дејли Мејл“ и додава: …

Continue Reading

Винисиус: За само еден клуб би играл после Реал

Реал Мадрид и Барселона вечерва од 21 часот ќе играат Ел Класико дербито во шпанската Ла Лига. Во центарот на медиумското внимание е Винисиус Жуниор, според многумина првиот кандидат за Златната топка. Бразилецот имаше уште една одлична партија минатата среда кога постигна три гола за својот тим во победата од 5:2 над Дортмунд во Лигата на шампионите. Напаѓач беше запрашан …

Continue Reading

Хиршер се враќа во Светскиот Куп

Австрискиот скијач Марсел Хиршер, кој сега се натпреварува под знамето на Холандија, земјата на неговата мајка, потврди дека ќе се врати на светското првенство во велеслалом в недела во Солден, Австрија.   Хиршер, кој има 35 години, напиша на Инстаграм дека сака повторно да се натпреварува. Шампионот на Светскиот скијачки куп Хиршер, кој во тоа време скијаше со австриската репрезентација, …

Continue Reading

(Видео) Суарез и Алба за триумф на Интер над Атланта јунајтед

Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Атланта јунајтед со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС лигата. Мајами победи на домашен терен со головите на Луис Суарез и Џорди Алба. Домашните поведоа со голот на Уругваецот во втората минута, но до крајот на првиот дел Атланта успеа да возврати. Грузиецот Саба Лобјанидзе го израмни резултатот во 39. …

Continue Reading

Болтхаузер доживотно суспендиран од Евролигата (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркарски судија Матеј Болтхаузер повеќе не е на списокот на судии во Евролигата. Болтхаузер беше снимен на аеродромот Никола Тесла на 8 декември минатата година како го краде парфемот на Том Форд од „фри шоп“. Селектор на Евролига поради ова покрена истрага, а Словенецот повеќе не се појави на теренот. Така беше и на почетокот на оваа сезона, а …

Continue Reading

Министерот Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Светската атлетска асоцијација, Лорд Себастијан Коу

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Владата имаше официјална средба со Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој официјално е кандидат за прв човек на ИОК на претстојните избори во март 2025 година. На средбата беше дискутирано за поддршката која Министерството за …

Continue Reading