Шестмина сигурно ќе останат во Јунајтед, сите останати се на продажба
Манчестер јунајтед секојдневно е тема во англиските медиуми. Славниот клуб Божик го дочека на 13.место во Премиер лигата, што е најлош пласман од 1986 година. Шок терапијата на „Олд Трафорд“, заминувањето на Ерик Тен Хаг и ангажманот на Рубен Аморим, барем сасега не донесе резултат. Португалецот Аморим досега забележа четири победи и порази и едно реми. Јасно е дека Аморим …
Continue Reading
Валенсија смената на тренерот ќе ја чини 7,4 милиони евра
Она што го најавија вчера шпанските медиуми, претпладнево доби потврда, Карлос Корбелан е новиот тренер на Валенсија. Младиот тренер дојде на местото на Рубен Бараха. Контраверзниот сопственик на Валенсија, Питер Лим, се реши за шок терапија во обид да ја спаси сезоната, која од оваа перспектива изгледа лошо. Валенсија на половина од сезоната е на делба на последната позиција на …
Continue Reading
Крај на сезоната за Дру Смит
Дру Смит, бекот на Мајами Хит ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА лигата. Смит ја скинал Ахиловата тетива. Повредата ја заработи без контакт на натпреварот во понеделникот во кој Мајами го совлада Бруклин со 110:95. Со помош на соиграчите го напушти теренот. Дру Смит се врати во составот откако се опорави од повредата на предните вкрстени лигаменти, повреда …
Continue Reading
Муричи кај Мурињо во Фенербахче
Фудбалскиот клуб Фенербахче е подготвен да плати 10 милиони евра за играчот на Мајорка Ведат Муричи, објавија шпанските медиуми. Напаѓачот на Фенербахче, Јусеф Ен Несири по само шест месеци би можел да замине од Фенербахче во Саудиска Арабија. Фенербахче за неговиот трансфер на Севилја и плати 19 милиони евра. Тие пари клубот може да ги врати со продажбата на Ен …
Continue Reading
„Гол“: Трансферот на Миленковиќ е еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата
Специјализираниот фудбалски портал „Гол“ го оцени трансферот на Никола Миленковиќ во Нотингем Форест како најдобар сезонава во Премиер лигата. Миленковиќ летово им се приклучи на „шумарите“ од Фиорентина за 12 милиони фунти. „Миленковиќ не само што е најдоброто засилување во сезоната 2024/25, туку и едно од најдобрите во целата историја на Премиер лигата, според она што клубот доби за парите …
Continue Reading
Доделени наградите за најуспешните атлетичари во Македонија
Денес се одржа свеченото прогласување на најуспешните атлетичари, тренери и клубови во Македонија за постигнувањата во атлетскиот спорт во 2024 година. Овој значаен настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а беше одбележан во присуство на најдобрите и најталентирани спортски личности, како и почитувани гости како градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, голем поддржувач на атлетиката и …
Continue Reading
Швајцарска олимпијка загина во лавина
Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер загина во лавина, соопшти Швајцарската скијачка асоцијација. Според АП, инцидентот се случил во понеделникот во швајцарското одморалиште Ароса. Хедигер (26) се натпреваруваше за Швајцарија на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година во сноуборд крос и во мешана екипна верзија на таа дисциплина.
Continue Reading
Манчестер јунајтед не бил толку лош од 1986 година
Манчестер јунајтед игра уште една лоша сезона. Ни смената на тренерот не ги подобрија резултатите. Кризата во клубот трае цела деценија, од моментот кога сер Алекс Фергусон замина во пензија. Ситуацијата во таборот на „црвените ѓаволи“ не се подобри ниту со заминувањето на Ерик тен Хаг, односно со доаѓањето на Рубен Аморим,. Борнмут викендов го декласира Јунајтед со 3:0. Манчестер …
Continue Reading
Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона
Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија. Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштето „Шандор Петефи“ во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија, Унгарија и Македонија. Штафетниот формат подразбира …
Continue Reading