Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно
Лука Јовиќ (27) оваа сезона три пати играше за Милан во Серија А, поточно на теренот мина само 78 минути. Српскиот центарфор не е во плановите на новиот тренер Серж Консеисао. Сличен статус Јовиќ имаше и кај претходниот тренер Паоло Фонсека. Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата. Јовиќ има договор до крајот …
Continue Reading
Грилиш постигна гол по 392 дена, Сити го декласира Салфорд
Манчестер сити доминантно избори пласман во четвртото коло во ФА купот. „Граѓаните“ со 8:0 го победија Салфорд, клуб чии газди се Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Ники Бат. Се започна со голот на Џереми Доку во осмата минута, на асистенција на Џек Грилиш. Во 20. минута погоди дебитантот Дивајн Мубама, а младиот Нико О’Рајли во 43. …
Continue Reading
(Видео) Кејн погоди за победа на Баерн во Менхенгладбах
Баерн Минхен ја забележа 12-та победа во Бундеслигата оваа сезона, откако во Менхенгладбах ја победи Борусија со 1-0. Моментот кој го реши дуелот се случи во 68. минута кога Хари Кејн беше прецизен од 11 метри. Пеналот за Баерн беше досуден откако Лукас Улрих го фаулираше Мајкл Олисе. Кејн го постигна својот прв гол во ноември, откако во декември не …
Continue Reading
(Видео) Без победник во „Дерби дела Моле“, голчиште на Влашиќ
Фудбалерите на Торино и Јувентус ремизираа (1:1) во градското дерби одиграно во рамките на 20.коло, во Серија А. Торино остана на само една победа во „Дерби деал Моле“ во последните три децении, а Јувентус ја продолжи серијата нерешени резултати. Шест пати тимот на Тијаго Мота одигра без пбедник на последните седум натпревари. Јувентус дојде д предност во осмата минута, кога …
Continue Reading
(Видео) Ливерпул се прошета до 4.коло во ФА купот
Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во 4. коло од ФА Купот со победата од 4:0 над Акрингтон Стенли. Ова беше прва победа на „црвените“ по двата разочарувачки резултати во дуелите со Манчестер јунајтед во Премиер лигата (2:2) и Тотенхем во Лига Купот (0:1). И покрај тоа што Арне Слот на теренот испрати комбиниран состав, навивачите го добија она по што …
Continue Reading
Претседателот на Севилја удри по Реал и Барселона: За нив правилата не важат
Севилја, преку претседателот на клубот се огласи во врска со одлуката на Високиот спортски совет (ЦСД) да и дозволи на барселона да ги регистрира Дани Олмо о Пау Виктор. Претходно поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација не и дозволија на Барселона да ги регистрира Олмо и Лопез. Претседателот на Севилја, Хозе Марија дел Нидо Караско …
Continue Reading
Јанакопулос му нуди богатство на Нан, сака во ПАО да го донесе и Мициќ
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ. Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за …
Continue Reading
Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон
Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс се врати во Евертон. 61-годишникот од Глазгов на клупата го наследи Шон Дајч, кој доби отказ во четвртокот. Дајч доби отказ, поради лошите резултати, Евертон е 16-ти во Премиер лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Клубот од Гудисон Парк има само три победи од 19 натпревари во Премиер лигата. Евертон го победи третолигашот Питерборо …
Continue Reading
Монфис стана најстариот шампион на АТП турот во историјата
Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Окленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци. „Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс …
Continue Reading