Роналдо го продаде Ваљадолид
Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик. „Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението …
Continue Reading
(Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата
Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби. Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето. Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално …
Continue Reading
Адеми ќе го напушти Динамо
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, наскоро треба да го напушти Динамо Загреб. Откако се врати во Динамо на крајот од летото 2023 година по краток престој во Кина, Адеми сега е повторно пред заминување од „Максимир“. Причината за неговото заминување е недостатокот на минутажа во тековната сезона, во која, по правило, тој беше играч кој влегуваше од клупата. Оваа …
Continue Reading
Бразилецот Родригао потпиша договор со Црвена звезда
Дефанзивецот Родриго де Соуза Прадо, познат во фудбалскиот свет како Родригао, пристигна во Црвена звезда. Бразилскиот фудбалер потпиша двегодишен договор во просториите на клубот и го одбра дресот со број пет. „Многу ми е мило што ќе имам можност да играм европски натпревари, тимот ја освои титулата и оваа сезона, а Црвена звезда веќе еднаш беше шампион на Европа, …
Continue Reading
(Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула
Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло. Наполи одигра скромни 0:0 во Парма, но …
Continue Reading
Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч
Манчестер јунајтед имаше шанса но не успеа да ја спаси сезоната. Во средата, Јунајтед доживеа пораз од Тотенхем (0:1) во финалето во Лига Европа. Тотенхем го освои трофејот и избори пласман во Лигата на шампионите, а Јунајтед ја комплетира најлошата сезона во последните 50 години. Ремонт и тоа целосен. Ова му претсоти на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Наводно …
Continue Reading
Реал и Анчелоти го потврдија крајот на соработката
Реал Мадрид и тренерот на тимот, Карло Анчелоти, го официјализираа крајот на повеќе од плодната четиригодишна соработка. Италијанскиот стратег ја напушта клупата на „Кралскиот клуб“ откако освои два трофеи во сезона која, на крајот, кога ќе се повлече линијата, сепак беше неуспешна за Мадрид. Анчелоти ги донесе трофеите од Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп во сезоната 2024/2025. Сепак, неговиот биланс …
Continue Reading
Евролигата наредната сезона со 20 екипи
Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат 20 екипи. Клучениот состанок на челниците на Евролигата се одржа во Абу Даби пред почетокот на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона на најсилното клупско кошаркарско натпреварување …
Continue Reading
Конечна пресметка за европската титула, три клуба сакаат да му ја одземат титулата на ПАО
Вечерва во Абу Даби, актуелниот шампион Панатинаикос и трите предизвикувачи во Олимпијакос, Фенербахче и Монако ја започнуваат битката за најголемиот трофеј во европската кошарка. Завршниот турнир во Евролигата ќе го отворат Панатинаикос и Фенербахче во 17:00 часот, а три часа подоцна ќе играат Олимпијакос и Монако. Во величествената сала со 18.000 седишта, во петок и недела, четири екипи ќе одлучат …
Continue Reading