Интер сезонава цели кон тројната круна
Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез. По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и …
Continue Reading
Марк Одермат веќе обезбеди еден Кристален глобус
Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи. Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната. Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш …
Continue Reading
Пирели влегува во Мото ГП за нова ера од 2027 година
Пирели ќе стане официјален снабдувач на гуми во „карлската класа“ од 2027 година, кога категоријата започнува нова ера во која моќноста на моторот ќе се намали од 1.000 на 800 кубни сантиметри. Италијанскиот производител на тој начин ќе го замени Мишлен и ќе стане единствен снабдувач во сите три класи во кои се натпреварува со моторите со внатрешно согорување. Оваа …
Continue Reading
Хрватските кошаркари во вториот шешир за претквалификациската ждрепка за СП 2027 година
Фото/ kfsm.mk Кошаркарската репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе го чека извлекувањето на групите за претквалификациските групи за СП 2027 година. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 март. Репрезентациите ќе бидат извлечени во четири групи, а двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во европските квалификации. Тие ќе им се приклучат на репрезентациите (24) кои …
Continue Reading
Газдарицата на Лејкерси откри зошто се случи размената Дончиќ-Дејвис
Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ. Бас откри дека Ентони Дејвис не бил задоволен од улога што ја има во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд. „Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, …
Continue Reading
Шчесни: Во кој спорт сум јас кога бев прогласен за играч на натпреварот?
Барселона со играч помалку, упсеа да ја победи Бенфика во Лисабон (1:0), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Барселона од 22.минута играше со фудбалер помалку, кога Кубарси доби црвен картон. Блауграна победи благодарение на голот на Рафиња во 61.минута и пред се на извонредниот Шчесни кој имаше осум одбрани. Интересно, УЕФА не го препозна перформансот на полскиот голман, …
Continue Reading
Нојер на пауза поради повредата на потколеницата
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе мора да паузира поради повреда на потколеницата. Нојер мораше да ја напушти играта во 58. минута, синоќа против Баер Леверкузен, а според првичните информации ќе отсуствува меѓу три и четири недели. За среќа, следува репрезентативна пауза, па Нојер ќе го пропушти само реваншот со Баер, како и првенствените натпревари со Бохум, Унион Берлин …
Continue Reading
Кимих одлучува пред репрезентативната пауза
Наредните неколку недели се клучни за иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен. Договорот на Кимих важи до крајот на сеозоната, а Баерн ги запре преговорите околу новиот. Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на Алијанц Арената, но клубот …
Continue Reading
ФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во наредните три недели ќе го води процесот против фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета. Бразилецот е обвинет дека се обложил на натпреварите кои ги одиграл и дека на нив намерно добивал жолти картони. Истрагата против Лукас Пакета беше покрената минатата година и кога ќе се земе предвид целото време, ќе биде најдолгата во историјата …
Continue Reading