Филипинската сензација ја победи Швјонтек во Мајами

Александра Еала, 19-годишната филипинска тенисерка, приреди уште една сензација на Мастерсот во Мајами. Еала, во четвртфиналето ја победи петкратната грен слем шампионка Ига Швјонтек. Еала (140. на ВТА листата) за еден час и 41 минута ја победи второрангираната на ВТА листата со 6:2, 7:5. Филипинката претходно победи две грен слем шампионки, Елена Остапенко и Медисон Киз. Еала осум пати и …

Continue Reading

Рагник се сели во Бирусија Дортмунд?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник ги одбројува последните месеци од својот мандат како селектор на националниот тим, бидејќи медиумите во Германија пишуваат дека тој е во напредни преговори со Борусија Дортмунд за преземање на функцијата спортски директор. И покрај тоа што договорот со оваа средноевропска репрезентација му истекува на крајот на оваа календарска година, големи се шансите …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер се засили со десен бек од Полска

Еурофарм Пелистер потврди дека договори засилување за следната сезона. Нов играч на „зелените“ ќе биде деснуот бек од Полска, Анжеј Видомски. Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година. Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа …

Continue Reading

Капело: Савиќевиќ играше едно полувреме, а потоа ќе останевме со десет играчи

Во интервју за швајцарската телевизија „РСИ“, за време на шоуто „Лармандило“, Фабио Капело ги помина сите клучни фази од својата фудбалска кариера, и како играч и како тренер. Актуелниот коментатор на „Скај Спортс“, сподели бројни анегдоти од неговата богата кариера. Капело проговори за великаните За Паоло Малдини: Го тренирав Малдини во младинскиот тим. Лидхолм виде нешто во него, јас не …

Continue Reading

Маркињос: Резил, им се извинувам на нашите навивачи

Капитенот на Бразил, Маркињос им се извини на навивачите за поразот од Аргентина (1:4) во 14. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, што во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Аргентина е на првото место на табелата со 31 бод и обезбеди пласман на СП 2026 на четири кола до крајот на квалификациите. Бразил е …

Continue Reading

Поранешниот телохранител на Марадона уапсен поради лажно сведочење

Аргентинскиот суд задолжен за судењето во врска со смртта на Диего Марадона нареди апсење на поранешниот телохранител на аргентинската фудбалска ѕвезда, Хулио Корија, поради лажно сведочење. „Судиите ги прифатија доказите на обвинителството во врска со кривичното дело лажно сведочење“, извести судот. Во Буенос Аирес е во тек судски процес против седум медицински работници за небрежност што потенцијално придонела за смртта …

Continue Reading

Заврши сезоната за Алфонсо Дејвис

Тежок удар доживеа Баерн Минхен во решавачкиот дел од сезоната. Левиот бек, Алфонсо Дејвис, поради повред на лигаментите во коленото ја заврши сезоната. Алфонсо Дејвис, поради болки во коленото, пред три дена го напушти теренот во 12. минута против САД. Во борбата за третото место во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, Канада ги победи САД (2:1), а Дејвис по …

Continue Reading

(Видео) Рафиња рече дека ќе ги здроби Аргентинците – Погледнете што му направија по натпреварот

„Ќе ги здробиме на теренот, а ако треба и надвор од него“, изјави Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација во пресрет на натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство. На крајот, Рафиња и соиграчите беа понижени на „Монументал“ во Буенос Аирес. Аргентина го победи Бразил со 4:1. По завршвањето на натпреварот голманот Емилијано Мартинез, кој в финишот на …

Continue Reading

(Видео) Историски натпревар во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Победата на Њујорк Никс над Далас Маверикс 128:113 ќе остане запишана со златни букви во историјата на франшизата. Во култниот „Медисон Сквер Гарден“, Никс до победата го предводеа Карл-Ентони таунс и Џош Харт. Двајцата имаа двоцифрен учинок во три статистички категории. Таунс мечот го заврши со 26 поени, 12 скокови и 11 асистенции, Харт имаше ист број на скокови и …

Continue Reading