(Видео) Шок во Барселона, Еспањол на колена го фрли Реал
Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1:0 (0:0) во 22. коло на шпанската Ла Лига. Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите. Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот …
Continue Reading
(Видео) Кикс на Астон Вила во Вулверхемптон
Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2:0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите. Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1:0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше …
Continue Reading
(Видео) Голчиште на Гризман, Атлетико ја победи Мајорка
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Мајорка на домашен терен со 2:0 во 22. коло од шпанската Ла Лига. Лино во 26.минута и Антоан Гризман во 93.минута погодија за победа двата кикса, поразот од Леганес (0:1) и ремито Виљареал (1:1). Тренерот Диего Симеоне 500. пат во кариерата го предводеше Атлетико на натпревар во Примера. Атлетико до победата дојде со сигурна …
Continue Reading
(Видео) Салах го запре Борнмут, Фулам со пресврт победи во Њукасл, Саутемптон го доби дербито на дното
Ливерпул, предводен од Мохамед Салах, победи на тешкото гостување на „Вајталити“ во Борнмут. „Црешите“ се најпријатното изненадување сезонава, но не успеаја да избегнат пораз од „црвените“, иако ж според играта заслужија повеќе од 0:2. Првата голема шанса Борнмаут ја имаше во 21. минута, но Семењо немаше среќа, тој одлично шутираше од левата страна и ја погоди гредата. Ливерпул одговори само …
Continue Reading
(Видео) „Шумарите“ го декласираа Брајтон, хет-трик на Вуд
Нотингем Форест експресно се рехабилитира од дебаклот (5:0) кај Бортнмут во минатото коло. „Шумарите“, во првиот меч од 24.рунда во Премиер лигата, го декласираа Брајтон. Во победата 7:0, Крис Вуд постигна хет-трик, Ентони Еланга забележа три асистенции, а Морган Гибс-Вајт постигна гол, забележа асистенција и избори пенал. Нотингем Форест за 30 минути го декласира Брајтон. „Шумарите“ ја забележаа 14. победа …
Continue Reading
Маркус Рашфорд има нов клуб
Маркус Рашфорд (27) од Манчестер јунајтед ќе замине на позајмица во Астон Вила, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач е отпишан од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим и не играше во последните два месеци. Астон Вила ќе го позајми Рашфорд, а Јунајтед ќе покрие дел од неговата плата. Клубовите во моментов преговараат за откупна клаузула. Рашфорд е играч на Јунајтед, …
Continue Reading
Даниеле Малдини се пресели во Аталанта
Поранешниот играч на Монца, Даниеле Малдини (23) го комплетира трансферот во Аталанта пред самиот крај на преодниот рок. Ссинот на легендата на Милан, Паоло Малдини, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со клубот од Бергамо. Аталанта ќе и плати на Монца помеѓу 13 и 14 милиони евра обештетување за Малдини, а …
Continue Reading
Сити подготвува уште еден трансфер, Нико Гонзалес од Порто
Манчестер сити не завршиле со активностите во зимскиот преоденр рок. На „Етихад“ пристигнаа тројва нови фудбалери, четвртиот би можел да биде Нико Гонзалес. Нико Гонзалес е голема желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Сити смета дека тој би бил одлична замена за Родри. Нико оваа сезона брилјира во дресот на Порто. Шпанецот е еден од лидерите на тимот, кој ги …
Continue Reading
(Видео) Мареј и Јокиќ ја решија драмата во Филаделфија, Сан Антонио го декласира Милвоки
Изминатата ноќ се одиграа седум натпревари во НБА лигата. Денвер ја прекина серијата од три порази со триумф во неизвесна завршница во Филаделфија. Нагетс победија со 137:134, предводени од Џамал Мареј, кој постигна 31 поен со 11 асистенции и Никола Јокиќ, кој за еден скок остана без трипл-дабл. Српскиот центар мечот го заврши со 28 поени, 13 асистенции и девет …
Continue Reading