(Видео) Мареј ги растури Клиперси, Јокиќ со нов трипл-дабл
Кошаркарите на Денвер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 131:115 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот и се доближија до победа до пласман во полуфиналето на Западот. Никола Јокиќ забележа трипл-дабл со 13 поени, 12 асистенции и 10 скока, но ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј, кој експлодираше со 43 поени и осум тројки од 14 обиди. Заедно …
Continue Reading
Биберовиќ го однесе Фенер на завршниот турнир, Реал ја запиша првата победа над Олимпијакос
Кошаркарите на Фенербахче први изборија пласман на завршниот турни во Евролигата. Во Париз, го добија третиот меч против истоимениот тим, по едно продолжение со 98:88. Во регуларниот тек дуелот заврши 80:80. Реал остана во игра, откако ја намали предноста на Олимпиајкос на 1:2. Третиот меч Реал го доби со 80:72. Во неизвесен натпревар, ниту еден тим не создаде предност поголема …
Continue Reading
(Видео) ПСЖ среде Лондон го победи Арсенал
Фудбалерите на Пари Сен Жермен стекнаа предност по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Светците“, успеаја да го победат Арсенал во Лондон со голот на Усман Дембеле во четвртата минута. Реваншот е наредната среда во Париз. Со малку среќа, гостите можеа да имаат поголема предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“. Фудбалерите на ПСЖ покажаа дека знаат како да …
Continue Reading
Шест натпревари суспензија за Ридигер
Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона. Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него. Ридигер веќе беше …
Continue Reading
Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан
Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра. Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан …
Continue Reading
Алекс Баена се договорил со Атлетико
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид планира големи летни инвестиции. Алекс Баен од наредната сезона се сели на „Метрополитано“ во Мадрид. Извори од Мадрид блиски до Атлетико денес открија дека Баена веќе бара куќа во шпанската престолнина, дека ја договорил платата и сега чека клубовите да се договорат за обештетувањето. Баена има 23 години, ја мина Академијата на Виљареал, но стигна до …
Continue Reading
Монако му нуди тригодишен договор на Миротиќ
Монако блеска оваа сезона во Евролигата, тие се на чекор до пласман на завршниот турнир, но во Кнежевството веќе размислуваат за засилувања за следната сезона. Монако води со 2:0 во плејоф серијата од елитното натпреварување против Барселона и уште една победа би им обезбедила пласман на завршниот турнир во Абу Даби. За следната сезона, според медиумите, прва желба е крилниот …
Continue Reading
Реал е подготвен да го продаде Родриго
Крилниот напаѓач на Реал, Родриго, е на мета на критики поради лошата форма во последните два месеци. Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, фудбалерот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми. Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 натпревари оваа сезона. И покрај довербата …
Continue Reading
Реал Мадрид и Баер Леверкузен (веќе) имаат нови тренери
Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен. Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во …
Continue Reading