(Видео) Македонските фудбалери поразени од Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во Лигата на нации. Вечерва во Љубљана, Словенија ја победи Македонија со 2:0. Националниот тим и во шестиот натпревар под водство на Гоце Седлоски не успеа да постигне гол. Македонија одигра уште еден разочарувачки натпревар, без кконкретна закана кон голот на противникот и без јасна идеја во играта. Добар период во играта …

Continue Reading

Рафиња се повреди во пријателскиот натпревар против Австралија

Бразил ја победи Австралија, во вториот пријателски натпревар одигран меѓу двете селекции, во изминатите четири дена со 4:2. Информациите од натпреварот во Бризбејн, внимателно се следат и во Барселона, бидејќи по првото полувреме, Рафиња поради повреда остана во соблекувалната. Рафиња беше заменет на полувремето поради болка во мускулот на десната нога, што предизвика загриженост во Барселона. Веста ја потврди и …

Continue Reading

Ферари го поддржа Фредерик Васер

Фредерик Васер ќе остане на чело на тимот на Ферари и во иднина. Ова е одлука на менаџментот, бидејќи Кристијан Хорнер, некогашен прв човек на Ред Бул, изјави дека е заинтересиран да се приклучи на Скудерија. Марија Конти, првиот човек што комуницираше со медиумите, го пренесе она што го кажаа Џон Елкан и Бенедето Виња, главните луѓе во Ферари. „Нашиот …

Continue Reading

Астон Мартин ќе остане со истите возачи

Астон Мартин одлучи да го задржи истиот тим возачи за 2027 година во Формула 1. Ова значи дека Фернандо Алонсо и Ленс Строл сè уште ќе бидат зад воланот на британскиот тим, иако нивните резултати се далеку од задоволителни. Астон Мартин освои само три бода оваа година и е 10-ти меѓу 11 тима во конкуренција на конструктори. Само Кадилак без …

Continue Reading

Алборг експресно најде замена за Јури Кнор

Алборг брзо пронајде наследник на Јури Кнор, кој ќе се пресели во Пари Сен Жермен во летото 2027 година. Нов организатор на играта на данскиот великан ќе биде Елијас Елефсен а Скипаготу, моментално член на Кил. Дваесет и четиригодишниот ракометар од Фарските Острови ќе му се придружи на Алборг на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со германскиот …

Continue Reading

Инфантино ја купува довербата на членките на ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави можноста фудбалските федерации ширум светот да добијат поголем дел од парите од резервите на организацијата, кои се проценуваат на околу 5 милијарди евра. Во писмо упатено до шесте континентални конфедерации, Инфантино рече дека ќе поддржи „највисоко ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се исплати“. Неговата објава доаѓа по зголемениот притисок околу …

Continue Reading

Покетино за Манчестер Сити: Живеевме во период на измама

Селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Покетино, зборуваше за одлуката на Премиер лигата во случајот со Манчестер Сити и изрази големо разочарување поради бројните пронајдени финансиски неправилности. Премиер лигата, според повеќе медиуми, утврди дека Манчестер Сити прекршил голем број од вкупно 115 обвинувања поврзани со финансиските прописи помеѓу 2009 и 2018 година. За време на својата кариера, Покетино ги водеше …

Continue Reading

Ел Класико ќе се „игра“ и пред судот во Мадрид

Конфликтот меѓу Барселона и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе има судски епилог, бидејќи е закажано рочиште за помирување меѓу двете страни. Барселона и Перез треба да се појават пред судот во Мадрид на 25 ноември во 9:40 часот. Рочиштето е прелиминарен чекор пред евентуалното поднесување кривична пријава против претседателот на Реал Мадрид поради клевета, а повод се неговите …

Continue Reading

Фудбалерите во Љубљана , во потера по првиот гол и победа во ерата на Седлоски

Македонската репрезентација ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје (0:3), селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија …

Continue Reading