Ромеро играч на сезоната во Лига Европа
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лига Европа оваа сезона, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето. Ромеро одигра седум натпревари во Лига Европа оваа сезона, запиша една асистенција и имаше 91 процент точни додавања. „Тој беше најдобриот играч во финалето против Манчестер јунајтед, доминантен од почеток до крај. Ромеро играше исклучително добро во нокаут фазата …
Continue Reading
Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба
Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска. Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското …
Continue Reading
Рафиња го продолжи договорот со Барселона
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2028 година. „ФК Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој го обврзува со клубот до 30 јуни 2028 година“, се вели во соопштението. Рафиња ја започна својата кариера во Европа во Виторија Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, во јули 2022 …
Continue Reading
Аделман и наредната сезона ќе ги предводи Денвер Нагетс
Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо. Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот. Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун. Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои …
Continue Reading
Четири држави домаќини на Евробаскет 2029
Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе биде во главниот град на Шпанија. Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред …
Continue Reading
Лука Модриќ го напушта Реал Мадрид
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но и Хрватот на Инстаграм со емотивно писмо. Она што хрватските медиуми го објавија денес се оствари, Лука Модриќ повеќе не е играч на Реал Мадрид. „Кралевскиот клуб“ го објави настанот објавувајќи фотографија со кратка порака: „Ти благодарамe, Лука!“, пишува во објавата на официјалниот профил …
Continue Reading
Фернандеш: Ќе си заминам доколку клубот го побара тоа
Капитенот на Манчестер jунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека е подготвен да го напушти клубот доколку раководството одлучи дека продажбата е во интерес на реконструкцијата на клубот. Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, исто така изјави дека ќе си замине без отпремнина доколку клубот повеќе не смета на него. Фернандеш истакна дека би прифатил заминување ако тоа би му помогнало на Јунајтед …
Continue Reading
Барселона добила неверојатна понуда за Јамал
Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого многу работи се вртат, а Барселона сака околу него да ја гради иднината. По брилијантните настапи во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец очекувано се најде на радарот на европските гиганти и оние кои се во многу подобра финансиска состојба каталонскиот клуб. Спортскиот директор …
Continue Reading
Шкендија ги дозна можните ривали во првата квалификациска рунда во ЛШ
Шампионот на Македонија, Шкендија, настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе го започне во првото коло. Поради лошиот коефициент, Шкендија ќе биде во групата неносители, што значи дека ќе добие потежок противник. Гледајќи ја листата која ја објави УЕФА, овие четири тима се непосакуван ривал во првата рунда. Станува збор за Лудогорец (Бугарија), ФЦСБ (Романија), Малме (Шведска), …
Continue Reading