Салах и Ѓокереш во трка за „Златната копачка“

Крајот на сезоната се ближи во повеќето европски национални шампионати, а трката за „Златната копачка“, влегува во неизвесен финиш. Мохамед Салах беше и стрелец синоќа во победата на Ливерпул над Тотенхем (5:1). Салах го постигна 28. гол сезонава. Кога бројот на постигнати голови ќе се помножи со коефициентот „2“, се доаѓа до бројката 56. Лидер на листата е Швеѓанецот од …

Continue Reading

(Видео) Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Фудбалерот на Реал, Антонио Ридигер, јавно им се извини на судијата и навивачите за своето однесување во финишот, поради што доби црвен картон во финалето на Купот на Кралот и поразот. Купот го освои Барселона со победата 3.2, остварена во 116.минута. Германскиот репрезентативец, незадоволен од една одлука на Де Бургос, фрли пластично шише кон судијата, а потоа се обид и …

Continue Reading

(Видео) Слот му се заблагодари на Јирген Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека е горд на целиот тим и додаде дека тимот од „Енфилд“ заслужено ја освои титулата во Премиер лигата. Ливерпул ја обезбеди 20. титула во клупската историја, откако го победи Тотенхем со 5:1 и на четири рунди до крајот на сезоната стекна недостижни 15 поени предност пред Арсенал. „Се чувствувам одлично. Сакам да му …

Continue Reading

(Видео) Мектомини го врати Наполи на првото место во Серија А

Фудбалерите на Наполи го победија Торино на домашен терен со 2:0 (2:0) во 34-то коло од италијанската Серија А. Наполи оствари рутински триумф со головите на Скот Мектомини, кој погоди во седмата и и 41.минута. 🚨🔵 SCOTT MCTOMINAY, ANOTHER HUGE GOAL FOR NAPOLI! 🏴󠁧󠁢󠁳󠁣󠁴󠁿🤯 As it stands, Napoli are 3 points ahead of Inter in first place. 🥇 pic.twitter.com/gVr4Xd8h6I — …

Continue Reading

Брансон и Таунс за брејк на Њујорк во Детроит

Њујорк Никс се на прагот да се пласираат во втората рунда од плејофот во Источната конференција. Тимот на Том Тибодо ги победи Пистонс во Детроит вечерва по средноевропско време, во драматичен финиш со 94:93. Резултатот сега е 3:1 во серијата за „Никербокерс“, а победникот во конференциското полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот Бостон Селтикс – Орландо Меџик. Актуелните шампиони …

Continue Reading

(Видео) И технологијата знае да погреши – Зверев во жестока расправија со судијата

Александар Зверев извојува тешка победа над Александар Давидович Фокина, но една одлука во финишот на вториот сет можеше да го смени текот на мечот. Спорната ситуацијата се случи на 5:4 за Зверев во вториот сет, кога Шпанецот сервираше за израмнување и во првиот поен ја испрати топката во аут. Сите видоа дека топчето заврши надвор од теренот, но „хокај“ системот …

Continue Reading

Манчестер сити ќе се бори за трофејот во ФА купот

Фудбалерите на Манчестер сити вечерва се пласираа во финалето на ФА Купот откако на „Вембли“ го совладаа Нотингем Форест со 2:0. Лошата сезона на Сити сепак би можела да заврши со барем еден освоен трофеј, бидејќи момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа својата улога на фаворити против „шумарите“ кои 34 години чекаат на трофеј во англискиот фудбал. „Граѓаните“ го започнаа …

Continue Reading

Интер ја совлада Рома и му го даде првото место на Наполи „на чинија“

Интер загуби од Рома во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата. Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона. Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома …

Continue Reading

Марк падна, Алекс победи во Херез

Помладиот Маркез, Алекс, ја заблежа првата победа во кариерата на Големата награда на Шпанија во Херез. Возачот на Гресини Дукати, славеше пред возачите на Јамаха и Дукати, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја. Алекс Маркез победи во Херез и ја презеде лидерската позиција во шампионатот од свјот брат Алекс. Марк направи голема грешка во третиот круг,излета од патеката кога го напаѓаше …

Continue Reading