ПСЖ без четворица стартери против Барселона
Фудбалерите на Пари Сен Жермен денес пристигнуваат во Каталонија, каде што во среда ќе и гостуваат на Барселона во дербито од второто коло од Лигата на шампионите. Луис Енрике денес доби лоши вести, бидејќи нема да може да смета на напаѓачката тројка, како и на капитенот Маркињос. Покрај Бразилецот, а во Париз останаа и Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича …
Continue Reading
(Видео) Вини го нарече Коке плачко, овај му врати: Мбапе ти го украде шоуто. Тој е најдобар
Атлетико Мадрид го победи Реал со 5:2 во градското дерби во седмото коло од Ла Лига. Атлетико на тој начин се врати во борбата за врвот, на најдобар начин со убедлив триумф над градскиот ривал. Како и секогаш кога ривалите на Мадрид играат дерби, натпреварот беше полн со жестоки дуели. Освен физичките, интересни се и вербалните. Камерата на „Мовистар“ ја …
Continue Reading
По 11-часовна дискусија донесена одлука за рушење на „Сан Сиро“
Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот „Сан Сиро“ на Интер и Милан, што им овозможува да го продолжат проектот за рушење на голем дел од постоечкиот стадион и изградба на помодерен и понов. По повеќе од 11 часа дискусија, која вклучуваше 239 амандмани, Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот и околното земјиште со вкупна …
Continue Reading
Мурињо со Бенфика на „Стенфорд Бриџ“, Галатасарај го чека Ливерпул
Вечерва со девет натпревари ќе биде отворено второто коло во Лигата на шампионите. Апсолутно дерби во оваа рунда е утрешната пресметка меѓу Барселона и актуелниот шампион ПСЖ. Интересно ќе биде во Алмати, каде што Каријат ќе го пречека Реал Мадрид. Играчите на Реал бараат рехабилитација за тешкиот пораз во градското дерби против Атлетико. Пред нив е тежок меч бидејќи до …
Continue Reading
Започнува сезоната во Евролигата, титулата ја брани Фенербахче
Вечерва, започнува новото, 26-то издание на Евролигата. Честа да ја отворат новата сезона од 18 часот ја добија Дубаи и Партизан, односно Хапоел Тел Авив и Барселона (овој натпревар се игра во Софија). Покрај овие два натпревари на првиот ден од Евролигата, на програмата се уште пет натпревари. Евролига, прво коло: Анадолу Ефес – Макаби (19.45 часот) Црвена звезда – …
Continue Reading
Ако некој сака да го донесе Хулијан мора да плати 200 милиони евра
Хулијан Алварез, бавно влезе во новата сезона, но експлодираше во последните две рунди. Во средата постигна хет-трик против Рајо Ваљекано, а во саботата со два гола помогна в демолирањето на Реал. Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не штедеше на комплименти опишувајќи како игра полуларниот Арања (Пајак). Логично е дека постои голем интерес за Алварез, кој минатото лето во трансфер …
Continue Reading
Селото со 1.485 жители ќе има клуб во Лигата на шампионите
Шведскиот клуб Мјалби обезбеди учество во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. Прв пат во историјата клубот ќе игра во натпреварувањата во организацијата на УЕФА. Ова е огромен успех за клубот што доаѓа од Халевик, село на југот на Шведска каде што, според последниот попис, живеат 1.485 луѓе. Како што сега стојат работите, Мјалби ќе игра во Лигата на шампионите. Мјалби …
Continue Reading
Јокиќ сака кариерата да ја заврши во Денвер
Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо. Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона. Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското …
Continue Reading
Чави подготвен за клупата на Јунајтед?
По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието. Иако беше поврзуван со бројни клубови во претходните месеци, тој ги одби сите до неодамна. Сепак, сега ситуацијата се менува. Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед. Шпанецот детално ја анализирал …
Continue Reading