Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари. На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари …
Continue Reading
Рагник: Откако заминав, Јунајтед потроши 800 милиони за да биде уште полош
Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер. Во тоа време, тој имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант. Тој брзо си замина, Ерик тен Хаг го наследи, а откако не ги исполни очеквањата на неговото место дојде …
Continue Reading
(Видео) Меси и Суарез за триумф на Мајами
Интер Мајами убедливо ги победи Њујорк Ред Булс со резултат од 4:1. Блесна Лионел Меси со брилијантен гол. Во победата на својот тим, Аргентинецот го постигна најубавиот гол на натпреварот по одлична акција со Сеговија. Натпреварот беше решен во првото полувреме. Домашниот тим постигна три гола во првите 45 минути и со тоа практично го реши прашањето за победникот. Пикол …
Continue Reading
Нкунку сака да си замине од Челзи
Кристофер Нкунку ги брои последните денови на „Стенфорд Бриџ“. напаѓачот не е задоволен од статусот што го има во тимот и порачал на клупските челници дека сака да го напушти Челси. Нкунку одигра само 910 минути во 27-те натпревари колку што беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер во Конференциската лига. Во ова …
Continue Reading
(Видео) Барселона во Ваљадолид од „два во еден“
Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со 2:1 во 34-то коло од шпанската Ла Лига. Ваљадолид го забележа осмиот пораз по ред, а вкупно 19-ти во последните 20 натпревари, а испаѓањето на тимот од Ла Лига беше потврдено претходно. Барса, од друга страна, освои важни три бода во трката за титулата, па сега има +7 во однос на второпласираниот Реал …
Continue Reading
Фенербахче води во трката за потписот на Шортс
Третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Евролигата по се изгледа беше последен за Ти-Џеј Шортц во Париз. Порталот „Eurodevotion“, наведува дека Американецот со македонски пасош, во моментов има премногу профитабилни понуди за да остане во тимот на Париз. Леворакиот плејмејкер играл за (наводно) 450.000 евра оваа сезона, а овој извор најавува дека лесно би можел да потпише за четири …
Continue Reading
Инциденти на „Пољуд“ и низ улиците во Сплит
Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук. „Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти. Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше. „Далматински …
Continue Reading
(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило
Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари. Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката. Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети …
Continue Reading
Вардар ја продолжи серијата без пораз, во Чаир го победи Шкупи
Фото/ facebookFKVardarSkopje Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи. …
Continue Reading