Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него. Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар. Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, …

Continue Reading

Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото. Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија. Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, …

Continue Reading

Дејли Мејл: Ѓоковиќ ги запишал своите деца на училиште во Грција, заминува од Србија

Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести, пишува „Дејли Мејл“. Освојувачот на 24 Гренд Слем титули, кој долго време се сметаше за национален херој, се соочи со остри критики во последните месеци од медиумите …

Continue Reading

Евролигата донесе одлука, Ф4 ќе се игра во Атина

Екипите од Евролигата одлучија завршниот турнир во 2026 година да се одржи во Атина, објавуваат грчките медиуми. Со осум гласа „за“ и три „против“, екипите во натпреварувањето одлучија полуфиналната фаза и финалето да се одржат во Атина. Главниот град на Грција беше голем фаворит, и покрај обидот на Србите да го организираат настанот во Белград. На крајот, беше донесена одлука …

Continue Reading

Трансферот на Лојд во Реал зависи од Монако и Валенсија

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, постигна договор со Реал Мадрид. За да биде реализиран трансферот, Реал покрај со Монако, ќе треба да се договори и со поранешниот клуб на Лојд, Валенсија. Лојд импресионираше со своите настапи во дресот на Европското првенство, каде што заедно со Матеуш Понитка даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето. Поранешниот …

Continue Reading

„Изјавата на Пикси не е достојна за селектор на репрезентација“

Србија дожевеа дебакл во квалификациите за Светското првенство. Англија победи со 5:0 на „Маракана“ во Белград со головите на Хари Кејн, Нони Мадуеке, Езри Конса, Марк Гуеи и Маркус Рашфорд. Најостри критики трпи српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси, навивачите го исвиркаа пред почетокот на натпреварот и на полувремето. Пикси изјави дека нема да поднесе оставка, а доколку во Сојузот решат …

Continue Reading

Арсенал отпиша двајца играчи, ги стави на трансфер листата

Двајца играчи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросард (30), ќе бидат на трансфер листата во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми. Тренерот Микел Артета во голема мера се потпираше на Жесус и Тросард во текот на изминатите три сезони, но со доаѓањето на шведскиот голгетер Виктор Ѓекерес, двајцата станаа вишок. „Топџиите“ потрошија близу 300 милиони евра …

Continue Reading

(Видео) Фудбалерите од земја со помалку од 600.000 жители пред историски пласман на СП

Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра. Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех. …

Continue Reading

(Видео) Боливија го победи Бразил ќе игра бараж за СП, Луис Суарез ја декласира Венецуела

Јужноамериканските великани Бразил и Аргентина доживеаја порази во последното коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите во Еквадор и Боливија немаа никакво значење за двете селекции, но дуелот во Боливија им значеше на домаќините, кои со „помош“ на Колумбија, дојдоа до седмата позиција и место во Интерконтиненталниот бараж. Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз како селектор на Бразил. …

Continue Reading