Синер повторно го ангажира тренерот од аферата „Клостебол“
Светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен тренер за физичка подготовка, Умберто Ферара. Минатата година, Синер се раздели со Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше покрената истрага за земање на забранетиот лек, клостебол, што резултираше со негова тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (WADA). Толку блага казна беше изречена бидејќи беше …
Continue Reading
Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. Откако спогодбено се раздели со тренерот Раул Алонсо, кој ја освои титулата со клубот од Битола, клубот на неговото место го донесе Рубен Гарабаја Аренас. Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска …
Continue Reading
Жоао Феликс се враќа дома
Жоао Феликс (25) е многу блиску до враќање во Бенфика. Како што дознава „Рекорд“, договорот е практично склучен, Бенфика ќе го купи напаѓачот од Челзи за 25 милиони евра. „Рекорд“ тврди дека работата официјално ќе биде завршена до петок, а постои можност Феликс да игра за Бенфика на натпреварот од Купот Еузебио против Фенербахче, кој го води Жозе Мурињо, во …
Continue Reading
Фергусон ќе го предводи нападот на Рома
Ирецот Еван Фергусон (20) е нов член на Рома, објави римскиот клуб. Напаѓачот ќе ја помине следната сезона во Рим како позајмен играч, по што Рома ќе мора да го откупи за 38 милиони евра. Новиот член на Рома постигна 17 гола на 80 натпревари за Брајтон од 2021 година. Вториот дел од претходната сезона го помина во Вест Хем, …
Continue Reading
Венус Вилијамс победува и на 45-годишна возраст
Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата. Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот. Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4). Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина …
Continue Reading
Атлетико го „украде“ Марк Пубил од Вулверхемптон
Марк Пубил, 21-годишениот шпански десен бек, е нов играч на Атлетико Мадрид. Клубот од главниот град на Шпанија го потврди неговото пристигнување доцна синоќа. Интерес за Пубил имаше кај Вулверхемптон, но и неколку италијански клубови, вклучувајќи ги Милан, Јувентус и Рома. Милан отиде најдалеку во обидот да го доведе Пубил минатата недела, при што клубот испрати медицински тим во Барселона …
Continue Reading
Ливерпул подготвува уште еден сензационален трансфер
Ливерпул започна директни разговори со претставници на бразилскиот напаѓач Родриго, кој би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето, пишува новинарот Санти Ауна. Иако во моментов нема официјални преговори меѓу клубовите, „Скај Германија“ објави дека Реал Мадрид е отворен за продажба на 23-годишниот Бразилец, а самиот Родриго е свесен за таа можност. Флоријан Плетенберг додава дека Ливерпул внимателно ја …
Continue Reading
Петрушев го напушти Олимпијакос, се сели во Дубаи
Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи. Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати. Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години. Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето …
Continue Reading
Евертон сериозно заинтересиран за Кубо
Евертон започна преговори со Реал Сосиедад во врска со потенцијалниот трансфер на на јапонскиот интернационалец Такефусе Кубо. Крилниот напаѓач има 24 години, а во Сан Себастијан пристигна како поранешен член на Реал Мадрид. Кубо постигна седум гола и додаде четири асистенции за Сосиедад минатата сезона, а неговиот договор е до летото 2029 година. Шпанскиот клуб го проценува на вредност помеѓу …
Continue Reading