Филмска приказна: Риднеркнеш го доби Медведев, ќе игра против својот роднина за титулата

Артур Риднеркнеш и Валентин Вашеро ќе играат за титулата на турнирот од Мастерс серијата во Шангај. Веројатно нема ниту еден човек на планетата кој би можел да предвиди дека двајца братучеди, моментално 52-ри и 204-ти тенисер во светот, ќе бидат во финалето на престижниот турнир. По пресвртот, Риднеркнес го победи Данил Медведев со 4:6, 6:2, 6:4 и му се придружи …

Continue Reading

Охрид убедлив, реваншот со Баку во ЕХФ Европскиот куп формалност

Ракометарите на Охрид се веќе со едната нога во следната рунда од ЕХФ Европскиот Куп. „Гладијаторите“ приредија вистинска ракометна лекција за Баку и на првиот меч славеа со неверојатни 44-11. Од самиот старт беше јасно кој е господар на теренот. Охрид поведе со 5-1, потоа зголеми на 10-3, а на полувремето веќе имаше убедливи 24-7. Голманот Чаневски одигра меч за …

Continue Reading

Го победи Ѓоковиќ и заработи повеќе отколку во целата кариера

Валентин Вашеро го продолжи својот турнир од соништата во натпреварот против Новак Ѓоковиќ и стана најниско рангираниот тенисер во финалето на турнирот Мастерс 1000. Тенисерот од Монако, кој е на 204-то место на АТП ранг-листата, исто така оствари убав профит од својот успех во кариерата. Вашеро се пласираше во финалето на турнирот во Шангај со победа од 6:3, 6:4 над …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Саша Обрадовиќ и официјално е на клупата на Црвена звезда

Од денеска, Саша Обрадовиќ официјално е на клупата на Црвена Звезда. Црвено-белите објавија дека Обрадовиќ ја презеде функцијата шеф на тренерскиот штаб и дека потпиша договор со важност до крајот на сезоната 2025/26. Тој го заменува Јоанис Сфаиропулос, кој неодамна беше отпуштен од црвено-белата клупа. Саша Обрадовиќ веќе ја тренираше Звезда во сезоната 2020/21, а сега се враќа во клубот …

Continue Reading

Убедлив пораз на Тиквеш кај Бешикташ, пред елиминација е од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Тиквеш доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај турскиот шампион Бешикташ со 31–20 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, со што речиси ги загубија шансите за пласман понатаму. Кавадарчани отворија добро и поведоа со 2–1 по само три минути игра, но потоа целосно застанаа. До крајот на полувремето успеаја да постигнат само уште еден погодок. …

Continue Reading

Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе …

Continue Reading

Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија. Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес. Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде …

Continue Reading

Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост. Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот …

Continue Reading

Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар. Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ …

Continue Reading