(Видео) Реконструкција на култниот стадион – Ќе се урива култната трибина

Култниот стадион „Ла Бомбониера“ на Бока Јуниорс, еден од симболите на Буенос Аирес, влегува во нова ера. Планирана е голема реконструкција, која би го зголемила капацитетот на стадионот од сегашните 58.000 на 76.000 до 2030 година. Проектот предвидува рушење на добро познатата западна трибина, која се издвојува од преостанатите три поврзани трибини поради својот специфичен вертикален дизајн и пократките катови. …

Continue Reading

Дејвис во солзи го напушти теренот во Бергамо

Дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис, го напушти теренот во солзи за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта откако се здоби со уште една повреда. Канадскиот репрезентативец се врати на теренот откако се опорави од повреда на тетивата, на полувремето влезе на местото на Конрад Лајмер. Сепак, тој одигра само 21 минута на теренот. Дејвис седна на тревата, …

Continue Reading

Халилхоџиќ ќе го гаси „пожарот“ во Нант

Вахид Халилхоџиќ е назначен за нов тренер на Нант, објави францускиот клуб. Во соопштението се наведува дека Халилхоџиќ ќе го води Нант до крајот на сезоната. Халилхоџиќ го замени Ахмед Кантари на клупата на Нант, кој беше отпуштен по серијата лоши резултати во француското првенство. Халилхоџиќ (73) веќе го тренираше Нант од октомври 2018 до август 2019 година. Неговиот последен …

Continue Reading

Родриго успешно опериран, го започна процесот на рехабилитација

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, успешно е опериран откако ги скина предните вкрстени лигаменти и надворешниот менискус на десната нога, објави шпанскиот клуб. Според веб-страницата на клубот, Родриго ќе го започне процесот на рехабилитација во наредните денови. „Операцијата ја изврши д-р Мануел Лехес под надзор на медицинската служба на Реал Мадрид“, објави клубот. Бразилскиот фудбалер се повреди на 2 март …

Continue Reading

Инфантино: Трамп ми кажа дека Иран е добредојден на СП

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, потврдил дека иранската репрезентација е добредојдена да учествува на Светското првенство во 2026 година, и покрај сегашните тензии. Инфантино изјави дека се сретнал со Трамп во средата и дека за време на разговорот се разговарало за учеството на Иран на турнирот што ќе се одржи во …

Continue Reading

Принцот на Рим ќе седне на клупата на Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти се враќа на „Олимпико“. Според информациите на новинарот Никола Шира, раководството на клубот постигнало договор со 49-годишниот Тоти, тој да биде дел од тренерскиот штаб на првиот тим. Преговорите се во завршна фаза, па официјалната потврда за враќањето би можела наскоро да пристигне. Тоти треба да добие една од важните позиции во стручниот штаб, додека …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Дончиќ со трипл-дабл ја реши Минесота

Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота со 120:106, изминатата ноќ во НБА лигата. Натпреварот го обележа Лука Дончиќ, забележа трипл-дабл со 31 поен, 11 скока и асистенции. По изедначеното прво полувреме, Дончиќ го засили темпото и почна да ја растура одбраната на гостите, која не можеше да најде решенија за него. Покрај Дончиќ, за Лејкерси се истакнаа Ривс со 31 …

Continue Reading

(Видео) „Марка“: Тудор го „уби“ својот голман – Кински го пцуеше тренерот додека го напушташе теренот

Игор Тудор, тренерот на Тотенхем, е жестоко критикуван од светската спортска јавност затоа што го замени голманот Антонин Кински (22) во 17-та минута од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Атлетико победи со 5:2, а веќе по 15 минути водеше со 3:0. Од трите гола што ги прими Тотенхем, два беа по катастрофалните гречки на …

Continue Reading

Чудо во НБА, Адебајо постигна 83 поени

Бeм Адебајо одигра еден од најголемите натпревари во историјата на НБА и ги предводеше Мајами Хит со 83 поени во победа над Вашингтон Визардс со 150:129. Адебајо доминираше од самиот почеток на средбата, ја заврши првата четвртина со 31 поен, на полувремето веќе имаше 43, додека на крајот од третата четвртина стигна до 62 поени. Од поле шутираше 20/43, од …

Continue Reading