Ника Превц ја забележа рекордната 16-та победа во сезоната

  Еден ден по освоувањето на Големиот кристален глобус во скијачки скокови, Ника Превц постави нов рекорд. Со, вчерашната победа на скокалницата во Лахти, Финска, Ника Превц трет пат по ред го освои Големиот кристален глобус. Само двајца спортисти пред неа направија ваков подвиг, Адам Малиш (2000-2003) и Марен Лундби (2017-2020). Влера, Ника ја забележа 15-та победа во сезоната, со …

Continue Reading

(Видео) Иранските фудбалерки се соочуваат со смртна казна

  Иранските фудбалерки беа прогласени на државната телевизија за воени предавници со кои треба строго да се постапи поради нивниот гест на Азискиот куп во Австралија. Имено, одбивањето на иранските жени да ја пеат националната химна пред натпреварот против Јужна Кореја предизвика остри осуди, а водителот на иранската државна телевизија рече дека тие мора да се соочат со срам и …

Continue Reading

„Еден од најлошите денови во мојот живот, дали го заслужувам ова?“

  Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, 25-годишниот Родриго Гоес, ги скина предните вкрстени лигаменти во поразот од Хетафе (0:1) и неговата сезона е завршена. Исто така тој ќе го пропушти и Светското првенство, кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ова лето. Бразилецот влезе во игра во 55-та минута наместо суперталентираниот Тијаго Питарч, …

Continue Reading

Јирген Клоп ќе работи во Мадрид, но не во Реал

Јирген Клоп, неколку пати изјави дека нема намера да му се врати на фудбалот во улога на тренер, но Шпанците тврдат дека од наредното лето тој ќе предводи клуб од Примера. Според шпакулациите, Клоп ќе го напушти Ред Бул, каде раководи со фудбалскиот проект. Разделбата ќе се случи бидејќи резултатите на клубовите под капа на Ред Бул се далелу од …

Continue Reading

(Видео) Неверојатната Линдзи Вон веќе тренира

  Само 25 дена по нејзиниот тежок пад на Зимските олимписки игри, Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи за да покаже како веќе повторно тренира. Видео објавено на Инстаграм покажува како 41-годишна Американка вежба во теретана. Нејзината инвалидска количка е исто така во рамката, а во еден момент Вон дури и станува од неа и продолжува да вежба.   …

Continue Reading

Трамп на пријемот на фудбалерите на Интер се фалеше како го уништува Иран

  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, очекувано, ги искористи фудбалерите (овој пат Интер од Мајами, последен пат Јувентус) како декор за својата пропаганда за надворешна политика. Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легенди како Лионел Меси, Луис Суарез, Хавиер Маскерано, присуствуваа на прием во Белата куќа во петокот. Откако, Трамп доби дрес на Интер со бројот 47 (симболизира …

Continue Reading

Пјастри најбрз на првиот ден од новата сезона

  Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона и новата ера на Формула 1. Австралиецот го забележа најбрзиот круг на патеката „Алберт Парк“ со време од 1:29.729 минути, со предност од 214 илјадити делови од секундата пред Андреа Кими Антонели во Мерцедес. Најблиску до …

Continue Reading

(Видео) Нема полош тим во Премиер лиагта од Тотенхем

  Фудбалерите на Тотенхем тонат на табелата во Премиер лигата. Во 29-то коло го забележаа петтиот пораз во низа, трет во дуелите со ривалите од Лондон. Новиот тренер, Игор Тудор се уште не освоил ниту бод. Тотенхем, во кошмарен меч, загуби од Кристал Палас со 1:3. Кобен за Тотенхем беше период од 38-та до 52-та минута, кога во целост се …

Continue Reading

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја расипа историската ноќ на Леброн

  Во неизвесна завршница, Денвер Нагетс ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс со 120:113 и го одбранија петтото место во Западната конференција. во исориската ноќ на Леброн Џемс, блескаше Никола Јокиќ со 23-от трипл-дабл во сезоната. Тимот од Колорадо веќе во првата четвртина стекна двоцифрена предност, која продолжи да расте до максимални плус 15. Во ниту еден момент не изгледаше дека …

Continue Reading