(Видео) Драма во Осиек, селекторот на младата турска селекција се струполи крај клупата
Натпреварот помеѓу фудбалскiите репрезентации до 21 година на Хрватска и Турција беше прекинат откако турскиот тренер се струполи на теренот. Сè се случи во 35-та минута од квалификацискиот натпревар за Европското првенство, што се игра во Осиек, кога турскиот селектор Егемен Коркмаз се струполи, а по неколку минути беше утврдено дека ситуацијата е стабилна. 🚨 U21 Milli Takımı’nda Demir Ege …
Continue Reading
Тотенхем има нов тренер
Фудбалскиот клуб Тотенхем најде замена за Игор Тудор, кој неодамна беше отпуштен по само 43 дена на клупата. Како што потврди добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Тотенхем ќе го преземе Италијанецот Роберто де Зерби, до неодамна тренер на француски Марсеј. Де Зерби се раздели со францускиот клуб на 11 февруари, по дебаклот во дербито против Пари Сен Жермен од …
Continue Reading
ПСЖ и Баерн покажале интерес за Салах
По одлуката на Мохамед Салах да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, започнаа шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Спортскиот директор на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан, зборуваше за иднината на фудбалерот на Ливерпул, откривајќи дека големите европски клубови се заинтересирани за него. Тој верува дека е подобро искусениот фудбалер да остане во Европа отколку да оди во …
Continue Reading
Ненадејно почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
Членот на руската ракометна репрезентација која ја освои титулата олимписки шампион во Сиднеј во 2000 година, Едуард Кокшаров, почина на 50-годишна возраст, соопшти белорускиот клуб Мешков од Брест, каде што тој работеше како тренер. Кокшаров беше дел и од најуспешниот период во историјата на РК Вардар. „Со длабока болка ја информираме јавноста дека главниот тренер на нашиот клуб, олимпискиот и …
Continue Reading
Почина легендарниот бугарски голман, херој на СП во 1994
Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарската фудбалска асоцијација, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од семејството, тој не можеше да се опорави. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, четвртото место …
Continue Reading
Норис: Ова не е трка, ова е јо-јо
Ландо Норис, актуелниот шампион во Формула 1, заврши петти на Големата награда на Јапонија во Сузука. Асот на Мекларен е еден од многуте кои не се задоволни од новите автомобили и нивните перформанси, иако во финишот успеа да го престигне Луис Хамилтон. „Искрено, дури и не помислив да го нападнам Луис. Сепак, во еден момент батеријата ми беше полна, надвор …
Continue Reading
ФИФА нема „план Б“ доколку Иран се откаже од СП
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја отфрли можноста резеврна репрезентација да настапи на Светското првенство, инсистирајќи дека нема „план Б“ во случај Иран да одлучи да се повлече. И покрај ескалацијата на конфликтот и директните закани за повлекување што доаѓаат од иранските официјални лица, ФИФА инсистира на учеството на азиската нација. Инфантино потврди дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп …
Continue Reading
Се делат последните европски билети за Светското првенство
Последниот ден од месец март претставува ден Д за преостанатите учесници во европскиот бараж од квалификации за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Деновиве, најголемо внимание привлекува дуелот на Италија со Босна и Херцеговина во Зеница, поради меѓусебно озборување, омаловажување на актерите, необична шпионажа… Од чисто спортска гледна точка, „Аѕурите“ се мали фаворити, поради нивната историја, силата на лигата, …
Continue Reading
Анчелоти: Жога бонито? Па, Бразил 40 години не игра атрактивно
Пред натпреварот против Хрватска, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, јасно ја искажа својата фудбалска филозофија и план за освојување на Светското првенство. Италијанскиот стручњак нагласи дека одбраната е поважна за резултатот отколку бразилскиот идеал за атрактивен фудбал. Запрашан за бразилскиот стил на игра познат како „Жога Бонито“, Анчелоти понуди прагматичен одговор. „Жога Бонито“? Бразил ги освои последните две Светски првенства …
Continue Reading