„Марка“: Како е возможно Модриќ во изборот за „Златната топка“ да биде пред Гризман и Гундоган
Многу коментари предизвика синоќеѓното 67. доделување на Златната топка од страна на „Франс фудбал“. Осми пат во кариерата престижната награда му припадна на Лионел Меси. Аргентинецот зад себе ги остави Ерлинг Халанд, кој според многумина требаше да ја добие наградата и Килијан Мбапе. Коментари не предизвика само позицијата на која се најде Меси, туку и позициите на Лука Модриќ, Антоан …
Continue Reading
Симеоне и Атлетико, доказ дека постојат совршени односи
Атлетико Мадрид и Диего Симеоне најдоа заеднички јазик по којзнае кој пат во изминатата деценија. „Марка“ ги открива најважните детали во врска со обновувањето на договорот до 2027 година. Наводно, Симеоне го прифатил предлогот на клубот да ја продолжи соработката со значително намалување на платата. „Аргентинецот е свесен за тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот и ова беше …
Continue Reading
„Отсекогаш сум бил навивач на Меси, но ова е фарса“
Foto/ EPA Легендарниот Лотар Матеус верува дека Ерлинг Халанд ја заслужил Златната топка повеќе од Лео Меси. Синоќешното доделувањето на престижната награда, Матеус го нарече „фарса“. Поранешниот капитен на Баерн и Германија, кој ја освои Златната топка во 1990 година, не беше среќен што синоќа Меси по осми пат во кариерата ја освои Златната топка. „Халанд беше подобар од Меси …
Continue Reading
Де Брујне во јануари се сели кај Роналдо и Мане
Кевин де Брујнe по повеќе од осум години го напушта Манчестер sити и најверојатно од јануари кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Работата наводно е веќе договорена, пишува „Газета дело Спорт“. Кевин де Брујне од крајот на минатата сезона има проблем со повредите. И повеќе од јасно е дека неговото тело повеќе не може да …
Continue Reading
Челзи под истрага за трансфери од пред десет години
Премиер лигата ги истражува трансферите на Вилијан и Самуел Ето од Анжи во Челси, во летото 2013 година. Ова е дел од пошироката истрага за офшор плаќања за време на ерата на Роман Абрамович. Пред повеќе од една година, британските медиуми пишуваа за тоа како имало потенцијални неправилности во исплатите пред доаѓањето на Тод Боли на чело на клубот, а …
Continue Reading
Продолжува потрагата по киднапираниот татко на Луис Дијаз
Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз ги минува најтешките денови од својот живот. Пред четири дена вооружени мажи ги киднапираа родителите на колумбискиот репрезентативец, мајката во меѓувреме е ослободена, но неговиот татко се уште се води за исчезнат. Родителите на Дијаз биле киднапирани во колумбискиот град Баранкас, а тој за тоа бил информиран во саботата, во хотелот каде тимот на Ливерпул …
Continue Reading
(Видео) Ѓоковиќ заборави да и ја предаде наградата на најдобрата фудбалерка
Foto/ EPA Ненамерниот гаф на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е еден од деталите кои ја обележаа синоќешното доделувањето на „Златната топка“, во организација на „Франс фудбал“. Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието од самиот почеток, кога се сретна со Лионел Меси. Ѓоковиќ, подоцна ја прогласи најдобрата фудбалерка. Наградата и припадна на фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати. Откако и …
Continue Reading
(Видео) Нови победи за Денвер и Далас, Јокиќ и Дончиќ со трипл-дабл
Денвер Нагетс и Далас Маверикс се единствените две непоразени екипи на Западот од почетокот на сезоната. Изминатата ноќ Нагетс ја забележаа четвртата, а Маверикс третата победа. Трипл-дабл во победите забележаа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Нагетс во својата „Бол Арена“ ја победија Јута со 110:102. Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени (шут од поле 12/16) со 11 асистенции и …
Continue Reading
Џејмс Харден замина во Лос Анџелес Клиперс
Џејмс Харден успеа во намерата да ја напушти Филаделфија. Во текот на ноќта Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс си разменија кошаркари. Лос Анџелес Клиперс, покрај Харден ќе ги добие Пи Џеј Такер и Филип Петрушев, додека Маркус Морис, Ник Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, пик од првиот круг од 2028 година и два пика од вториот круг ќе се …
Continue Reading