(Видео) Столе два пати капитулираше, Севилја победи на „Ваљекас“
Рајо Ваљекано забележа нов пораз во Примера. Во 23.коло на „Ваљекас“, Севилја победи со 2:1. Столе Димитиревски го одигра целиот натпревар, имаше неколку добри интервенции. Севилја против Рајо ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната, втора на гостински терен. Херој на екипата од Андалузија е Мароканецот, Ен-Несири кој ги постигна двата гола. Првиот во 19., а вториот во 45.минута. …
Continue Reading
(Видео) Рома со покер голови против Каљари – Блескаше Дибала
Фудбалерите на Рома со убедлива победа над Каљари (4:0) го затворија 23.коло во Серија А. Рома ја забележа третата победа во низа со новиот тренер Даниеле Де Роси. Во победата на Рома блескаше Паоло Дибала, кој под новиот тренер игра како прероден. Откако Лоренцо Пелегри во втората минута го постигна првиот гол, Дибала со два гола ја заклучи победата на …
Continue Reading
Навивачите на Хајдук му купиле куќа на момче кое било жртва на насилство
Навивачите и членовите на Хајдук, собрани во Здружението на пријатели на Хајдук од Шибеник, објавија дека купиле куќа за Игор Идризи, кој беше жртва на насилство, и неговата мајка Надица. Нивната акција не е завршена, сега собираат пари за целосно реновирање и уредување на куќата. Во здружението решиле да купат нова куќа бидејќи трошоците за реновирање на куќата во која …
Continue Reading
Заврши сезоната за поранешната олимписка шампионка
Италијанската скијачка Софија Гоџа сериозно ги повреди тибијата и метатарзалната коска при пад за време на тренинг на падините на Понте ди Лења во провинцијата Бреша. Поранешната олимписка шампионка веднаш била пренесена со хеликоптер во Милано на подетални тестови, а според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, скршеницата на ногата е потврдена и Гоџа ќе биде оперирана попладне. 31-годишната скијачка е …
Continue Reading
Деко: Би сакал да ги купам Роналдињо, Ето и Деко, но тие повеќе не постојат
Дeко, спортскиот директор на Барселона, во интервју за „Ла Вангардија“, зборуваше за тоа колку му е тешко на клубот, кој е во големи големи финансиски проблеми. Поради финансиските проблеми Барселона не може да биде конкурентна на пазарот. „Не сакаме да ги продаваме Роналд Араухо и Френки Де Јонг. Нашиот план е да ги задржиме клучните играчи и да донесеме неколку …
Continue Reading
Ако Мбапе замине во Реал, ПСЖ е го донесе Рафа Леао
Килијан Мбапе, како што тврдат француските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Во ПСЖ, како што пренесува „Паризиен“, се подготвуваа за животот без Мбапе. Ја означиле замената за најдобриот играч. Според италијанските медиуми, ПСЖ во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Рафаел леао. Португалската ѕвезда во договорот со Милан има ослободителна клаузула од 175 милиони …
Continue Reading
Гвардиола: Што мислите дека ние не сакаме Халанд долго време да биде во клубот?
По пишувањата во шпанските медиуми дека Ерлинг Халанд не е среќен во Манчестер сити, се огласи менаџерот Пеп Гвардиола. Предводникот на „граѓаните“ рече дека клубот би сакал да го задржи Норвежанецот подолг временски период. „Што мислите? Дека ние не сакаме Ерлинг да остане овде една деценија? Сакаме долго да биде во клубот. Ние сме заљубени во него.„Ништо нема да се …
Continue Reading
(Видео) Дани Алвеш се соочува со 12 годишна затворска казна
Великанот на бразилскиот и светскиот фудбал, Дани Алвеш е соочен со затворска казна од девет до 12 години, за кривично дело полов напад. Алвеш наводно силувал девојка ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона. Денеска треба да започне судењето на Дани Алвеш. Периодот од апсењето до почетокот на судењето тој го мина во …
Continue Reading
Камавинга се повредил во градското дерби
Реал Мадрид ремизираше со Атлетико во градското дерби. Иако кралевите поведоа во 20. минута со голот на Брахим Дијаз и водеа цел натпревар, Атлетико успеа да ги шокира во 93. минута кога Маркус Љоренте ја смести топката во мрежата за 1:1 и голем бод за гостите. По натпреварот следуваше нов шок за Карло Анчелоти и неговиот стручен штаб. Тренерот на …
Continue Reading