(Видео) Вест Хем тоне кон Чемпионшип

Последниот натпревар од саботната програма, од претпоследното коло на Премиер лигата донесе уште еден тежок удар на Вест Хем. Надежта за опстанок, ако тлееше, сега е речиси згасната. Вест Хем загуби на гостувањето кај Њукасл, кој славеше со резултат од 3:1. Блицкригот на „страчките“ во првото полувреме го фрли во очај Вест Хем. Волтемаде во 15-та и Осула во 19-та …

Continue Reading

Ракометарите го потврдија настапот на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа 38:23 над Словачка го завери пласманот на Светскотоп првенство. Македонија осми пат по ред, а вкупно 10-ти, ќе игра на ракометниот Мундијал. По победата во првиот натпревар во Прешов, во реваншот прашањето кое се наметнуваше беше со колкава разлика ќе победи Македонија. На полувреме Македонија имаше плус од седум гола, во вториот дел …

Continue Reading

Неверојатниот Синер го освои и Мастерсот во Рим

Јаник Синер, најдобро рангираниот тенисер на планетата, во неделата во Рим стигна до ново импресивно достигнување во својата кариера. Италијанскиот тенисер ја освои титулата на Настерс турнирот Мастерс во „Форо Италико“, откако го победи Каспер Рудо со 2-0 (6:4, 6:4) во сетови. Синер ја продолжи неверојатната серија, победи и на шестиот последовен Мастерс турнир. Исто така го комплетираше и „златниот …

Continue Reading

(Видео) Алекс Маркез има фрактура на седмиот цервикален пршлен, закажана е операцја

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, претрпел повреди кои ќе бараат итна медицинска интервенција, објави неговиот тим Гресини Дукати во официјално обраќање до јавноста. Според првичните информации, на Алекс му е дијагностицирана мала фрактура на седмиот цервикален пршлен (C7), додека подетални проценки на неговата здравствена состојба ќе бидат извршени во текот на следната недела. 🚨🇪🇸🏍️ ALERTE INFO | Énorme CRASH impliquant …

Continue Reading

Шеј Гилџес-Александер е МВП

Шеј Гилџес-Александер од Оклахома Сити Табдер ја освои својата втора последователна награда за најкорисен играч (MВП) во НБА. Тој стана 14-тиот играч во историјата на лигата што ја освоил наградата за најкорисен играч две години по ред, изјавија повеќе извори за ESPN. Шеј Гилџес-Александер ги победи другите финалисти, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио, по уште …

Continue Reading

(Видео) Јунајтед го потврди третото место, Бруно го израмни рекордот на Де Брујне и Анри

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата. Со победата над Форест, Јунајтед го обезбеди третото место на табелата на крајот од сезоната, додека овој пораз нема никакво влијание врз на гостите од Нотингем. Домашниот тим поведе во петтата минута преку Шо, гостите израмнија во 53-та минута преку Морато. „Олд Трафод“ повторно …

Continue Reading

Хаосот во Барселона заврши со победа на Диџанантонио

Хаотичната Голема награда на Каталуња, заврши со победа на Фабио Диџантонио. Возачот на ВР46 тимот, победи пред Жоан Мир (Хонда) и Фермин Алдегер (Гресини Дукати). Трката, која ја обележа страшниот инцидент на крајот од 11-оти круг, поради што беа истакнати црвени знамиња, а Алекс Маркез заврши во болница, донесе вистинска драма на рестартот и во последниот круг. Рестартот на трката …

Continue Reading

Ограбен домот на Дел Потро, украдени трофеи, медали и семеен прстен

Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро доживеал голема непријатност бидејќи неговата куќа во родниот Тандил била ограбена, објавија аргентинските медиуми. Според извештаите, крадците одзеле трофеи, медали, накит и бројни вредни предмети од домот на поранешниот тенисер, вклучувајќи и го и неговиот венчален прстен што му припаѓал на неговиот татко. Најголемиот момент во неговата кариера е секако освојувањето на Отвореното …

Continue Reading

Страшен инцидент во Барселона, истакнати црвени знамиња

Тежок инцидент инцидент ја прекина Мото ГП трката во Барселона. На половина од трката, во 12-от круг се случи инцидент, поради што дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. Моторот на Педро Акоста, во тој момент водечки во поредокот, откажа на правецот, Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, се обиде да го заобиколи, но имаше контакт со моторот на КТМ, …

Continue Reading