(Видео) Нов пораз на Челси, Вулвс ги казнија сите грешки на „сините“

Foto/ EPA Фудбалерите на Вулверхемптон го совладаа Челзи, со резултат 2:1 (0:0), во 18.коло од Премиер лигата. Челзи го забележа четвртиот последователен пораз на гостински терен. „Сините“ се на 10. место во Премиер лигата со 22 бода, колку што имаат Волвс на 11. позиција. Динамичен натпревар со многу грешки одиграа Вулвс и Челси, победи тимот што грешеше помалку. Марио Лемина …

Continue Reading

„Тенисот на Федерер е како балте, на Надал како бокс, а на Ѓоковиќ е како бокс и балет“

Со освојувањето на 24. Грен слем титула, Новак Ѓоковиќ стана најтрофејниот тенисер во историјата, кога станува збиор за четирите најголеми турнири. Србинот е поуспешен во се од најголемите ривали Надал и Федерер. Ѓоковиќ води пред Надал и Федерер, според бројот на најпрестижните освоени турнири, меѓусебните дуели, бројот на недели на врвот на АТП листата и односот победи-порази против топ 10 …

Continue Reading

Конте го презема Милан?

Антонио Конте би можел да го преземе Милан, само две години откако ја освои титулата во Серија А со Интер. Стефано Пиоли во моментов е во голема неволја. Милан не успеа да презими во Лигата на шампионите каде го освои последното место во групата, а во домашното првенство заостанува зад Интер и Јувентус. Прв фаворит за негово замена е Конте, …

Continue Reading

(Видео) Танасис Адетокумбо во кариерата има повеќе прекршоци од постигнати поени

Танасис Адетокумбо во светот на кошарката стана познат бидејќи е брат на НБА ѕвездата, Јанис. Јанис Адетокумбо е лидерот на Милвоки Бакс, додека Танасис успеа да оствари неверојатна статистика. За шест години во најсилната лига на светот, Танасис Адетокумбо има помалку постигнати поени од лични гречки. Досега во кариерата има постигнато 188 поени, а успеал да направи 191 лична грешка. …

Continue Reading

Бонучи се враќа во Серија А

Леонардо Бонучи е подготвен да го напушти Унион Берлин. Ветеранот пред шест месеци се пресели во Германија, но не се снајде најдобро и се шпекулира дека тој ќе се врати во Серија А .   Со германскиот тим доживеа фијаско во групната фаза од Лигата на шампионите, а на тимот не му оди најдобро ниту во Бундеслигата. Италијанските медиуми тврдат …

Continue Reading

Цимикас ќе паузира со месеци поради сударот со Клоп

Фудбалерот на Ливерпул, Костас Цимикас ќе отсуствува со месеци поради скршеница на клучната коска која ја заработи вчера, на бизарен начин, во дербито против Арсенал (1:1). Како што пишува британски „Мирор“, Цимикас ја скршил клучната коска при пад што се случил по стартот на играчот на Арсенал, Букајо Сака и сударот со менаџерот, Јирген Клоп. Според весникот, репрезентативецот на Грција …

Continue Reading

(Видео) Џошуа со технички нокаут го совлада Валин

Синоќа во Саудиска Арабија се одржа боксерски спектакл во тешка категорија во кој настапија неколку поранешни и актуелни светски шампиони. Ентонио Џошуа го победи Ото Валин, додека Џозеф Паркер го шокираше Деонтеј Вајлдер. IT’S OVER! OTTO WALLIN’S CORNER STOPS THE FIGHT! 🥊 ANTHONY JOSHUA WINS IN THE MAIN EVENT! 😤#DayofReckoning pic.twitter.com/9cy8GaGxMA — Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) December 23, 2023 …

Continue Reading

(Видео) Рома за двајца играчи повеќе го победи Наполи

Foto/ EPA Фудбалерите на Рома го совладаа Наполи во Рим, со резултат 2:0 (0:0), во 17. коло на Серија А. Голема нервоза го обележа „Дерби дела Соле“, судијата покажа 13 жолти и еден црвен картон, а пожолтеа и тренерите Жозе Мурињо и Валтер Мацари. Практично Рома ја обезбеди победата кога Матео Политано во вториот дел со глупав потег доби црвен …

Continue Reading

(Видео) Нерешено на „Енфилд“, Арсенал остана на првото место

Foto/ EPA Дербито од 18. коло на Премиер лигата заврши без победник, Ливерпул и Арсенал ремизираа со резултат 1:1. Не почна добро за домаќините, Арсенал уште во четвртата минута поведе на „Енфилд“. Габриел со прецизен удар го совлада Алисон. Ливерпул брзо се опорави од почетниот шок, тимот на Јирген Клоп беше многу подобар противник во преостанатиот дел од натпреварот. Домашниот …

Continue Reading