Хајдук ќе се обиде спогодбено да го раскине договорот со Трајковски

Hajduk-rudes0033-363052299.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хајдук зад себе има уште една разочарувачка сезона. Во тековната кампања клубот влезе со големи амбиции, кои како кула од карти ги урна најголемиот ривал Динамо Загреб.



Во период од четири дена Динамо најпрвин го исфрли Хајдук од борбата за шампионската титула, а потоа и од Купот на Хрватска. Она што најмногу ги боли симпатизерите на овој клуб е што двата порази Хајдук ги доживеа на домашен терен.

Вчера Хајдук доби уште еден удар, загуби и од Риека, која сега се истакнува како најсериозен кандидат за шампионскиот трофеј.

Прв цехот за лошите резултати го плати претседателот Лукша Јакобушиќ. Во понеделникот, Надзорниот одбор го разреши од функцијата на која стапи во октомври 2020 година.

Хајдук го очекуваат големи промени во преодниот рок. Според медиумите еден цел тим ќе си замине од „Пољуд“. Еден од оние кои ќе заминат е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

„Спортске новости“ пишуваат дека Трајковски е еден од неколкуте играчи со кои клубот ќе преговара за спогодбен раскин на договорот. Македонскиот репрезентативец има договор со Хајдук и за следната сезона.

„Еден гол сезонава, од почетокот на ноември одигра само 21 минута во првенството. На ова нема што да се додаде освен што 31-годишниот Трајковски има договор до летото 2025 година. Нема да навлегуваме во неговата плата, но со оглед на тоа колку играше и што покажа, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“, стои во текстот на „Спортске новости“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK