Феран Торес има договор со ПСЖ

Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот првак. „Лекип“ пишува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека Барселона треба да добие околу 50 милиони …

Continue Reading

Мурињо брутално искрен за формата на Бернардо Силва

Жозе Мурињо беше исклучително искрен во критиките кон Бернардо Силва откако Португалецот го имаше својот прв настап за Реал Мадрид. Во Будимпешта, Реал го победи Ференцварош во пријателски натпревар (2:1), а Бернардо Силва играше за прв пат во дресот на „кралскиот клуб“, откако пристигна како слободен играч од Манчестер Сити, каде што помина девет исклучително успешни сезони. Силва е еден …

Continue Reading

Рашфорд ќе добие нова шанса во Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец, 28-годишниот Маркус Рашфорд, официјално се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед по цели 18 месеци отсуство, поради недоразбирањата со поранешниот менаџер Рубен Аморим и две успешни позајмици во Астон Вила и Барселона. Англискиот крилен напаѓач му се приклучи на тимот за тренинзите во Даблин, заедно со сонародникот Коби Мејну и Аргентинецот Лисандро Мартинез, потврди менаџерот …

Continue Reading

Доминација на Фернадес и херојска трка на Бецеки во Англија

Возачот на Трекхаус Априлија, Раул Фернандес, триумфираше на Големата награда на Велика Британија, 12-та трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот ја забележа својата втора победа во кралската класа на „Силверстоун“, прва од октомври, кога го освои своето деби на „Филип Ајленд“. Така, по 12-ти пат во кариерата, Фернандес се најде на највисокото скалило на подиумот, а воедно стана …

Continue Reading

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше на неодамна одржаното Светско првенство, го напушта Атлетико по само една сезона. За клубот што го тренира неговиот сонародник Диего Симеоне, одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Алмада, кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот …

Continue Reading

Гимараеш официјално е играч на Арсенал

Бразилецот Бруно Гимараеш е нов играч на Арсенал, објави англискиот шампион. Фудбалерот од средниот ред им се придружи на „Топџиите“ од Њукасл. Арсенал за овој трансфер издвои 87,5 милиони евра. Гимараеш (28) ја започна својата професионална кариера во 2015 година во бразилскиот Аудакс, а две години подоцна се пресели во Атлетико Параненсе. Со тој клуб освои четири трофеи и се …

Continue Reading

Доминантна победа на Мартин во спринт трката во Велика Британија

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до …

Continue Reading

Почина таткото на Лионел Меси

Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст. Таткото на Лионел Меси и долгогодишен менаџер почина синоќа во 22 часот во санаториум во Росарио, Аргентина, објавува „Infobae“. Тој имаше 68 години и долго време се бореше со болеста. Хорхе Меси беше сопруг на Селија Кукучитини и татко на четири деца Лионел, Родриго, Матијас и Марија Сол. Тој одигра …

Continue Reading

Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова …

Continue Reading