Триото од 140 милиони евра ќе го напушти Арсенал
Арсенал не успеа да ја врати титулата во Лондон, која на „Емирати“ се чека две децении. „Тобџиите“ до последната секунда беа во трка за титулата, на крајот низ целта први минаа фудбалерите на Манчестер сити. Две недели по завршувањето на сезоната, челниците на Арсенал, заедно со менаџерот Микел Артета, започнаа да ги кројат плановите за наредната сезона. За да го …
Continue Reading
Тренерот на шпанската сензација би можел да го наследи Гвардиола
Пеп Гвардиола го предводеше Манчестер сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот во последните седум години и четврта по ред. Набргу по прославата на титулата најави дека следната сезона ќе биде последна за него на клупата на Сити. Гвардиола на „Итихад“ пристигна во 2016 година од Баерн, со клубот освои 17 трофеи. „Реалноста е дека поблиску сум до …
Continue Reading
(Видео) „Метла“ за Индијана – Бостон ќе се бори за титулата во НБА лигата
Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од финалето на Истокот славеа над Индијана Пејсерс со 105:102. Џејлен Браун ги предводеше Селтикси до победата со 29 поени и шест скока, а беше прогласен за МВП на финалето на Источната конференција. Го следеше Џејсон Тејтум со 26 поени, 13 скока и осум асистенции. …
Continue Reading
Бохум направи чудо, избори опстанок во Бундес лигата
Фудбалерите на Бохум направија чудо и обезбедија опстанок во Бундес лигата. Бохум во Диселдорф ја стигна предноста на Фортуна од три гола, а потоа во драматичната пенал серија обезбеди опстанок. Блескаше во тимот на Бохум Штегер со две асистенции и еден гол. Најпрвин два пати, во 18. и 66.минута му асистираше на Хофамн, а потоа во 70.минута го постигна третот …
Continue Reading
Почина легендарниот Бил Волтон
Легендарниот центар, член на Куќата на славните, е роден на 5 ноември 1952 година во Калифорнија. За време на неговата колеџ кариера играше за Универзитетот Ју-Си-Ел-Еј. Бил Волтон пристигна во Портланд Трејл Блејзерс како прв пик на драфтот во 1974 година. Во текот на кариерата играше за Портланд, Лос Анџелес Клиперс, Бостон Селтикс. Тој беше двократен шампион НЦАА шампион и …
Continue Reading
Емери го продолжи договорот со Астон Вила
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем. Шпанецот ќе остане на „Вила парк“ до 2029 година. По фантастичната сезона во Премиер лигата, Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а голема заслуга за тоа има шпанскиот тренер. Унаи Емери (52) пристигна на „Вила Парк“ од Виљареал во октомври 2022 година, …
Continue Reading
Фабрицио Романо: Челзи има нов тренер
Енцо Мареска (44) наскоро ќе го преземе Челзи, пренесува трансфер инсајдерот Фабрицио Романо. Мареска, пред две недели го врати Лестер во Премиер лигата, а Романо пренесува дека веќе ја прифатил понудата од „Стенфорд Бриџ“. Италијанецот ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Остануваше уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето. Челзи сака Мареска да го …
Continue Reading
Зверев го победи Надал – Кралот на Ролан Гарос елиминиран во првото коло
Рафаел Надал, освојувачот на 14 титули на Ролан Гарос, го заврши настапот на вториот грен слем во сезоната во првото коло. На „Филип Шатрие“, по три часа и пет минути игра Надал загуби од Александар Зверев со 3:6, 6:7, 3:6. Зверев, четвртиот носител на турнирот, беше подобар од моментално 275. на АТП листата, Надал. Уште по ждрепката беше јасно дека …
Continue Reading
Конте ќе стане тренер со најголема плата во Серија А
Во моментот кога ќе го потпише договорот со Наполи, италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако не е објавена точната сума на неговата плата, овие извор шпекулираат со сума меѓу осум и девет милиони евра. „Газета дело Спорт“, пишува дека Конте ја добил понудата, додека „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ тврдат дека треба …
Continue Reading