Шест клуба од Премиер лигата се соочени со одземаење на бодови

Неколку клубови од Премиер лигата се во трка со времето за да ги усогласат своите операции со регулативите за финансиски фер-плеј на натпреварувањето. Според прописите кои беа воспоставени уште во 2013 година, клуб кој акумулира долг од повеќе од 105 милиони фунти за период од три години, се санкционира со одземање бодови. Шест клуба во моментов се изложени на ризик: …

Continue Reading

Потер се враќа во Брајтон?

Грем Потер е кандидат за нов менаџер на Брајтон, пренесуваат британските медиуми. Потер (49) беше менаџер на Брајтон од 2019 до 2022 година, кога реши да ја прифати понудата од Челси да се пресели на „Станфорд Бриџ“, каде не се прослави. Тој беше на клупата на сините од септември 2022 до април 2023 година, а моментално е без ангажман. Брајтон …

Continue Reading

(Видео) Бостон го згази Далас на стартот од финалето

Бостон Селтикс ги победија Далас Маверикс со 107:89 во првиот натпревар од финалето на НБА. Селтикси ги збришаа Маверикс на отворањето на серијата, испраќајќи силна порака до тимот на Џејсон Кид. Лука Дончиќ го испорача своето, постигна 30 поени, 12-26 од поле, но имаше само една асистенција, што само покажува дека Бостон не му дозволи да ги разигра соиграчите. Најефикасен …

Continue Reading

Паолини втора финалистка на Ролан Гарос

Италијанката Јасмин Паолини го оставри најголемиот успех во кариерата. Та се пласира во финалето на Ролан Гарос. За титулата, во сабота, ќе се бори со Ига Швјонтек. Паолини по 75 минути игра ја совлада младата Русинка Мира Андреева со резултат 6:3, 6:1. Паолини стана првата Италијанка во финалето на Грен слем по Флавија Пенета и Роберта Винчи во 2015 година. …

Continue Reading

Англија без Мегваер и Грилиш на ЕУРО 2024

Герет Саутгејт, селекторот на репрезентацијата на Англија, реши да изостави две имиња од списокот на играчи за ЕП 2024. Според островските медиуми, во тимот нема да има место за дефанзивецот Хари Мегваер и за офанзивниот играч за врска Џек Грилиш. Претходно Саитгејт го тргнал од списокот и Џејмс Медисон. Оваа одлука на селекторот е неочекувана, особено кога станува збор за …

Continue Reading

Ново финале за Швјонтек на Ролан Гарос

Ига Швјонтек избори ново финале на Ролан Гарос. Најдобрата тенисерка на ВТА листата во полуфиналето по 96 минути беше подобра од Американката Коко Гоф со 6:2, 6:4. Шввјонтек во сабоата ќе се бори за четвртата титула на Ролан Гарос. Доколку победи тоа ќе и биде трет последователен триумф во Булоњската шума. Гоф се обиде но не успеа да и парира …

Continue Reading

Целта на Алкалоид е да игра европски ракомет, Алкалоид избра потежок пат, но тоа е за доброто на Македонија

По повод успешната сезона во која се освои првиот трофеј во Купот на Македонија, како и трите младински титули, РК Алкалоид одржа завршна прес-конференција пред медиумите на која ги сумира впечатоците. Претседателот Горан Минов, тренерот Кирил Лазаров, како и капитенот Игор Ѓорѓиев имаа свој осврт на сезоната која беше оценета како успешна имајќи ги предвид постигнатите резултати, обезбедениот пласман во …

Continue Reading

Нептун Македонија: Стадионско искуство за ЕУРО 2024

Среќа, еуфорија, солзи, гнев, дебатирање во кафеана, коментирање на кауч и енергично навивање… сето тоа ќе го доживееме во вистинска смисла од 14 јуни до 14 јули, кога ќе се одржи најважната споредна манифестација на светот – Европското фудбалско првенство Еуро 2024. Светот ќе застане за фудбалерите и фудбалските фанови, но и не само за нив. Веруваме дека веќе се …

Continue Reading

Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер. Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година. Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, …

Continue Reading