Кавани ја заврши репрезентативната кариера
Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, кој настапува за Бока Јуниорс, во четврток објави дека се повлекува од националнит тим. Победникот на Копа Америка од 2011 година, Кавани (37), е втор играч со најмногу настапи во Уругвај (136) и втор стрелец (58) зад Луис Суарез, откако го имаше своето деби на пријателскиот натпревар со Колумбија во февруари 2008 година. „Тоа беа …
Continue Reading
(Видео) Дончиќ и Ирвинг ја декласираа Минесота и закажаа финале со Бостон
Далас Маверикс трет пат во историјата на франшизата ќе се борат за титулата во НБА лигата. Маверикс со 4:1 ја добија финалната серија на Западот. Петтиот меч против Минесота го добија со 124:103. Посебно инспириран, насмеан и расположен за кошарка беше Лука Дончиќ, кој ги испрати „волците“ на летен одмор со 36 поени, од кои 20 во првата четвртина во …
Continue Reading
Ѓоковиќ за Јокиќ: „Имам ексклузивни информации“
Медиумските конференции на Новак Ѓоковиќ често знаат да отстапат од тениските теми, а исклучок не беше и онаа по победата над Карбаљес Баена во второто коло на Ролан Гарос. Во разговор со српските новинари се започна приказната за Никола Јокиќ и неговиот неизвесен настап на претстојните Олимписки игри. Новак не разочара со одговорот. „Имам ексклузивни информации и не смеам да …
Continue Reading
Артета ја пронајде „деветката“ во Бундеслигата
Во последните недели се шпекулираше дека Милан е блиску до доведување на словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко од Лајпциг, но ситуацијата значително се промени. Британски „Мирор“ тврди дека голгетерот на Лајпциг постигнал договор со Арсенал и дека лондонскиот клуб го има полесниот дел од работата – да се договори со член на Бундеслигата. Шешко (20) би требало да заврши во Арсенал …
Continue Reading
Компани детектирал три големи проблеми, неговиот Баерн ќе игра агресивно и храбро
Новиот тренер на Баерн Минхен, Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите играчи ќе бара апсолутна агресија и храброст. Компани во средата беше именуван за нов тренер на Баерн, дојде на местото на Томас Тухел, кој замина по заедничка согласност по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј. Ден по …
Continue Reading
Осуммина ќе го напуштат Тотенхем
Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу планира големи промени во летниот преоден рок. Англиските медиуми објавија дека на трансфер листата се Пјер-Емил Хејбјерг, Џовани Ло Селсо и Брајан Хил, додека во тимот нема да има место и за фудбалерите кои минатат сезона беа позајмени во други клубови: Џо Родон, Џед Спенс, Серхио Регилон, Танџи Ендомбеле и Тангага. Исто така, се верува …
Continue Reading
Во Росарио нови закани до Ди Марија и неговото семејство
Нови морничави закани доби славниот Аргентинец Анхел Ди Марија. Ветеранот е слободен играч откако му заврши договорот со Бенфика, имаше желба да се врати дома во Росарио, но како штосега стојат работите тој ќе му се приклучи на својот добар пријател Лионел Меси во Интер Мајами. Одлуката на Анхел Ди Марија каде ќе ја продолжи кариерата прави проблеми во Аргентина. …
Continue Reading
Милан реши да го задржи Јовиќ
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ и во наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. Јовиќ на почетокот на минатата сезона пристигна на „Сан Сиро“ од Фиорентина, имаше добра сезона, поради што и доби нов едногодишен договор. Тимот на Милан ќе претрпи одредени поромени во пресрет на новата сезона. Челниците решија Јовиќ повторно да ја има улогата на резервен напаѓач, Клубот …
Continue Reading
Газета дело Спорт: Мартин во Дукати наместо Бастианини
Хорхе Мартин возач на Прамак Дукати и лидер во светскиот шампионат во Мото ГП, ќе го замени Енеа Бастианини во фабричкиот тим на Дукати, објави во четвртокот „Газета дело Спорт“. Според овој извор соработката ќе започне во 2025 година. Мартин пред две недели забележа двојна победа на Големата награда на Франција. Шпанецот најпрвин победи во спринтот, а потоа и …
Continue Reading