(Видео) Ингебригтсен собори светски рекорд стар 28 години
Атлетичарот од Норвешка, Јакоб Ингебригтсен постави нов светски рекорд на 3000 метри на митингот на Дијамантската лига во Хорзов, Полска. Ингебригтсен делницата ја мина за 7:17.55 минути. Норвежанецот за три секунди го подобри претходниот рекорд на Кениецот Даниел Комен, кој истрча 7:20.67 пред 28 години во Риети. Ингебригтсен, кој претходно овој месец ја освои титулата олимписки шампион на 5000 метри …
Continue Reading
Норис доминантно го победи Ферстапен во Холандија
Ландо Норис победи на трката за големата награда на Холандија. Британецот, во неделата ја прекина серијата од три победи во која се наоѓаше Макс Ферстепн на патеката во Зандворт. Норис и покрај проблемите на стартот, кога ја загуби првата позиција од Ферстепен надмоќно победи. Возачот на Мекларен во 18.круг ја врати првата позиција и потоа рутински победи. Разликата меѓу него …
Continue Reading
Мејведер го исфрли судијата од рингот среде тепачка (ВИДЕО)
Флојд Мејведер вчера на 47 години влезе во рингот и даде борба за паметење. Синоќа во Мексико Сити се одржа реванш против Џон Готи Трети. Додуша, овој меч нема да биде запаметен по некоја особено квалитетна борба или нокаут, туку по тоа што Мејведер успеа да го избрка судијата од рингот. Тоа е потег без преседан на борец, дури и …
Continue Reading
Алпин не е на продажба
Извршниот директор на Алпин, Флавио Бриаторе, негираше дека тимот е на продажба и потврди дека нема намера да отпушти работници во база во Обединетото Кралство. „Едно работа е јасна. Ништо не е на продажба“, изјави Бријаторе за Би-би-си. Алпине е во сопственост на Рено, а Бријаторе беше ангажиран да ги подобри резултатите на тимот кој моментално е осми во шампионатот. …
Continue Reading
Ландо Норис доминантно до пол-позицијата во Зандворт
Ландо Норис доминантно дојде до третата пол-позиција оваа сезона. Возачот на мекларен со време 1:09.673 минути, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Холандија. Норис до првото место на стартот за утрешната трка дојде со време кое за повеќе од три десетинки беше поодбро од резултатот што го постави актуелниот шампион, Макс Ферстапен. Од вториот ред …
Continue Reading
Синот на славниот Мик Дуан доби место во Формула 1
Алпин го потврди составот на возачите за следната сезона. Покрај Пјер Гасли ќе вози Џек Дуан. Момчето чиј татко е легендарниот шампион во Мото ГП, Мик Дуан, е тест возач на Алпин оваа сезона. Тимот објави дека 21-годишниот Австралиец следната сезона ќе го замени Естебан Окон и ќе вози покрај Пјер Гасли. Дуан помладиот минатата сезона беше во јуниорскиот тим …
Continue Reading
„Макс е пред Фетел, тој е најдобар во историјата на Ред Бул“
Поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард направи својата листа на најдобри возачи на Ред Бул во историјата. Британецот возеше за австрискиот тим во првата сезона во 2005 година кога влезе во најбрзиот караван. За Ред Бул, Себастијан Фетел освои четири титули, а Макс Ферстапен три. Култхард смета дека Холанѓанецот и е најдобриот возач на овој тим во историјата. „Макс, Макс, …
Continue Reading
(Видео) Сепктакуларна победа на Ду Плесис
УФЦ 305 ни донесе неколку спектакуларни борби. Јужноафриканскиот борец Дрикус ду Плесис и понатаму е владетел на УФЦ во средна категорија. На спектакуларниот настан УФЦ 305 го победи Израел Адесанја со гушење. Популарниот “rear naked choke” беше кобен за Адесања во четвртата рунда и на овој начин Ду Плесис го одбрани појасот во средна категорија. Адесања има 35 години, очигледно …
Continue Reading
Награда од речиси 900.000 долари на Пакистанецот за златото на Олимписките игри
Пакистанскиот фрлач на копје Аршад Надим ќе биде награден со 250 милиони рупии или 897.000 американски долари за освоениот златен медал на Олимписките игри во Париз. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на церемонијата во чест на Надим објави дека ќе му бидат доделени 150 милиони рупии (538.000 американски долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од 100 …
Continue Reading