Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

На програмата е големото финале на Светскиот куп во женска кон куренција во Сан Вали, САД. Бидејќи спустот беше откажан поради ветер, Федерика Брињоне математички го обезбеди Кристалниот глобус. На овој начин Италијанката по втор пат во кариерата победи во Светскиот куп. Но, ова е историска титула, бидејќи таа ја освои на 34-годишна возраст, со што стана најстарата победничка во …

Continue Reading

Почина легендарниот Џорџ Форман

Легендарниот боксер Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст. Форман имаше богата боксерска кариера, го освои олимпиското злато во 1968 година, а имаше и две светски титули во тешка категорија. Интересно е што втората титула ја освои на 45 години и со тоа стана најстариот шампион во историјата. Форман ја загуби првата титула од Мухамед Али во легендарната борба „Rumble in …

Continue Reading

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Ферстапен

Младиот Австралиец, Оскар Пјастри прв пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата во глана трка во шампионатот на Формула 1. Пјастри беше пред конкурентите во квалификациите за трката на Големата награда на Кина. Од првиот ред, трката ќе ја започне изненадувањето Џорџ Расел од Мерцедес. Пјатри блескаше во третата сесија, на патеката во Шангај. Во двата круга постави најдобро време …

Continue Reading

Мекгрегор се одлучи на необичен потег, ќе се кандидира за претседател на Ирска

ММА борецот Конор Мекгрегор објави дека ќе се кандидира за претседател на Република Ирска. Ирска минува низ турбулентен период додека се бори да се справи со големиот прилив на имигранти, а повремените насилни инциденти предизвикуваат големо незадоволство во јавноста. Мигрантите ќе бидат клучната точка на која Мекгрегор ќе ја заснова својата кандидатура, што јавно го покажа со објава на социјалната …

Continue Reading

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во пресрет на спринт трката пред Големата награда на Кина. На патеката во Шангај, возачот на Ферари, постави рекорд на патеката со време 1:30.849 минути. Квалификациите беа исклучително неизвесни, што покажуваат времињата. Макс Ферстапен имаше послаб резултат за само 18 илјадити делови од секундата, а Оскар Пјастри задоцни 80 илјадити делови од секундата. Спринтот од …

Continue Reading

МОК има нова претседателка- од Зимбабве

Министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри, е избрана за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), што ја прави првата жена, како и првата личност од Африка, назначена на оваа функција. Ковентри стана најмладата претседателка на МОК во историјата, а нејзиниот мандат ќе трае до 2033 година. Седум кандидати беа во трка за оваа позиција, а двократната олимписка шампионка во …

Continue Reading

Почина Еди Џордан

Почина Еди Џордан, првиот вистински успешен сопственик на независен тим во Формула 1. Тој имаше 76 години. Еди Џордан во декември 2024 година објави дека му бил дијагностициран рак на простата, кој почнал да се шири на неговиот ‘рбет и карлицата. „Со голема тага ја објавуваме смртта на Еди Џордан, поранешен сопственик на Формула 1 тим и телевизиски консултант. Тој …

Continue Reading

Формула 1 планира улична трка во Бангкок

Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали разговараше со премиерката на Тајланд, Пенгтогтан Шинаватра за плановите за организирање трка на улиците на Бангкок. Премиерката рече дека Владата ќе нарача физибилити студија за можноста трката да се одржи во главниот град од 2028 година, објави Би-Би-Си. „Верувам дека сите жители на Тајланд ќе имаат корист од организирањето на овој настан, без …

Continue Reading

Огура дисквалификуван во Аргентина

Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван од трката за ГН на Аргентина, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата. Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место на втората трка од сезоната, откако стартуваше од 15-та позиција. „Огура користеше нехомологирана верзија на софтверот (V21 b102), која не е одобрена во Светскиот шампионат. Ова е спротивно на …

Continue Reading