Заврши сезоната за поранешната олимписка шампионка

Италијанската скијачка Софија Гоџа сериозно ги повреди тибијата и метатарзалната коска при пад за време на тренинг на падините на Понте ди Лења во провинцијата Бреша. Поранешната олимписка шампионка веднаш била пренесена со хеликоптер во Милано на подетални тестови, а според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, скршеницата на ногата е потврдена и Гоџа ќе биде оперирана попладне. 31-годишната скијачка е …

Continue Reading

Откажана борбата на векот – Албанец од Загреб го повредил Тајсон Фјури

Мечот за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Олександер Усик е откажан. Британецот имал расекотина на лицето, поради која морал да мирува. Бокс спектаклот требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад. Наводно, Фјури се здобил со расекотина во близина на окото што ќе треба да се сошие и поради нема да може да гои …

Continue Reading

Волф го шокирала одлуката на Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека бил шокиран кога Луис Хамилтон му кажал дек од 2025 година ќе се пресели во Ферари. Волф рече дека слушнал гласини дека Хамилтон би можел да замине, а потврда добил од седумкратниот светски шампион во Формула 1 на состанокот во средата. Хамилтон ќе го напушти Мерцедес на крајот на претстојната сезона и ќе …

Continue Reading

(Видео) Најавата за борбата Фјури-Усик е како филм на Квентин Тарантино

Од 1999 година, во светот на боксот немало борба за апсолутен шампион во тешка категорија. Последен кој во своја сопственост ги имаше сите титули е Ленокс Луис. На 17 февруари во Ријад е закажан боксерски спектакл во кој во главната борба ќе се сретнат Тајсон Фјури и Александар Усик. Британецот го носи својот ВБЦ појас, а Украинецот шампионските појаси во …

Continue Reading

Хамилтон од 2025 година во Ферари?!

Скудерија Ферари е на добар пат да потпише договор со Луис Хамилтон (39), седумкратниот светски шампион во Формула 1, во следните неколку дена, најавуваат добро информираните италијански новинари. Според истите извори, Британецот директно преговара со претседателот на Ферари, Џон Елкан и доколку се биде во ред, договор ќе биде постигнат во следните неколку дена. Хамилтон би се преселил во Маранело …

Continue Reading

Одбиена пријавата на Андрети – Ф1 останува со 10 тимови

Тимот на Андрети не доби дозвола да се натпреварува во Формула 1 за сезоната 2025 година. Во деталното образложение се наведени причините поради кои американскиот тим зад кој стои Мајкл Андрети (син на поранешниот Ф1 шампион Марио Андрети) не ги исполнува условите за учество на шампионатот. Сепак, вратата е оставена отворена за Андрети да се приклучи на Ф1 караванот во …

Continue Reading

Златниот медал на Боб Бимон на аукција

Боб Бимон, легендарниот американски атлетичар, реши да го продаде на аукција својот златен медал освоен на Олимписките игри во Мексико сити во 1968 година. Бимон победи во дисциплината скок во далечина, со легендарен скок од 8,90 метри. Тоа беше светски рекорд до 1991 година, кога во Токио границата на соништата беше поместена на 8,95 од Мајкл Пауел. Аукциската куќа очекува …

Continue Reading

Шумахер: Заслужувам место во Формула 1

Мик Шумахер, резервниот возач на Мерцедес, верува дека од 2025 година ќе биде постојан член на тим во Формула 1. Синот на легендарниот Михаел, сопственик на седум шампионски титули, смета на голема активност на пазарот, бидејќи следната година им истекуваат договорите на дури четиринаесет од 20-те возачи. „Многу работи ќе се случат, не само што ќе има промени во тимовите, …

Continue Reading

Доминантна победа на Гут-Бехрами во Кронплац

Лара Гут-Бехрами оствари убедлив триумф во трката во велеслалом во рамките на Светскиот куп во Кронплац, Австрија. Швајцарката беше најбрза во првото возење, а во второто рутински ја сочува предноста што ја стекна и победи со вкупен резултат 2:00.64. Второто место го поделија Австралијката Алис Робинсон и Швеѓанката Сара Хектор. Имаа минус од секунда и девет стотинки во однос на …

Continue Reading