Ѕвездите на светскиот пинг понг доаѓаат во Скопје во септември
По 4-ти пат Пинг понгарската федерација го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender, што ќе се одржи од 5 до 7 Септември. Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен 4-от најдобар на …
Continue Reading
Самер Макинтош и Леон Маршан се најдобрите на планетата
Самер Макинтош во женска конкуренција и Леон Маршан во машка конкуренција се најдобри учесници на Светското првенство во пливање во Сингапур. Признанијата беа доделени врз основа на достигнувањата во поединечни трки, не се броеја резултатите од штафетните трки. Канаѓанката освои четири злата и една бронза во Сингапур. Таа победи на 200 и 400 метри мешано, 200 метри градно и 400 …
Continue Reading
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг
Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути. Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. …
Continue Reading
Конор Мекгрегор прогласен за виновен: Судот потврди силување и брутален напад
Конор Мекгрегор, еден од најпознатите ММА борци, претрпе пораз на суд во граѓанска парница во која Ирката Никита Хенд го обвини за силување и брутален напад во хотел на крајот од 2018 година. Ирскиот суд едногласно ги отфрли сите пет точки од жалбата на Мекгрегор и ја потврди претходната пресуда според која тој мора да плати отштета од 248.600 евра, …
Continue Reading
Ферстапен пресече, познато за кого ќе вози следната сезона
Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ќе остане во Ред Бул и следната сезона. Веќе подолго време се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе премине во Мерцедес, но пред трката на Хунгароринг, тој ги отфрли тие гласини. „Работата е во тоа што луѓето многу зборуваат во текот на целата сезона, а единствениот што навистина треба да зборува, a не зборува – …
Continue Reading
Спасувачите нема да ги извлечат телото на Далмаер – Ќе исполнат нејзината желба
Спасувачите во Пакистан гсе откажаа од плановите за извлекување на телото на двојната олимписка шампионка, германската репрезентативка во бијатлон, Лаура Далмаер (31). Решија да ја испочитуваат нејзината последна желба да се избегне загрозување на животите на другите луѓе, изјави алпинистот Томас Хубер за „ДПА“ во четвртокот. Далмаер почина во понеделникот во одрон на карпа во близина на врвот Лаила, висок …
Continue Reading
Васер останува шеф на Ферари
Французинот Фредерик Васер го продолжи договорот со Ферари и ќе остане директор на италијанскиот тим од Формула 1, објави денес Ферари. Васер, стана шеф на Ферари на почетокот на 2023 година. Италијанските медиуми шпекулираа дека неговата иднина е неизвесна, поради незадоволителната прва половина од сезоната, но него јавно го поддржаа возачите на тимот, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Извршниот директор …
Continue Reading
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур
Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур. Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка. Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда. Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток. Фото: принтскрин
Continue Reading
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго
Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот. „Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се …
Continue Reading