(Видео) Браќата Морис ги предизвикаа браќата Јокиќ на бокс меч
Браќата Маркис и Маркиф и предизвикаа браќата Јокиќ на пресметка во ринг. Ссемејствата Јокиќ и Морис не се трпат од пред четири години, кога Никола се судри со Маркиф во натпревар против Мајами Хит. Потоа, по натпреварот, Маркус застана во одбрана на својот брат и му се закани на Србинот на социјалните мрежи, за браќата на Никола, Страхиња и Немања, …
Continue Reading
Расел: Мерцедес преговараше со Ферстапен
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, отворено зборуваше за преговорите на германскиот тим со четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен. Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, по отпуштањето на Кристијан Хорнер од Ред Бул, ја отфрли можноста Ферстапен да се пресели во „Сребрените стрели“. На прашањето дали откривањето на разговорите е дел од играта на Мерцедес, Расел одговори: „Тоа е сериозна …
Continue Reading
Лапорта: Преговараме со „НБА Европа“
Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека НБА е во напредна фаза на преговори со клубовите во врска со формирањето на нова кошаркарска лига во Европа, како и дека постојат неколку начини за спроведување на овој проект. „НБА сака да го воспостави своето присуство во Европа, а доколку тоа се случи, прашањето за арените и „Палау Блауграна“ мора да …
Continue Reading
ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната
Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце, ЕМОФ информира дека двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), се здобија со телесни повреди. По укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово, како што …
Continue Reading
Откриена причината за смртта на Феликс Баумгартнер
Феликс Баумгартнер (56), австриски екстремен спортист познат по своите историски скокови со падобран и рекорди што ги поместија границите на човечките можности, почина пред една недела во несреќа во Италија. Почина во Порто Сант’Елпиди за време на лет со параглајдер. Првичните извештаи велеа дека Баумгартнер починал откако му се слошило во воздух и ја изгубил контролата врз параглајдерот. Се шпекулираше …
Continue Reading
Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП
Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2). „Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските …
Continue Reading
ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд во скок со стап, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар, а првиот натпреварувачки ден донесе и одлични индивидуални настапи за македонските пливачи, со нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини. По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје …
Continue Reading
Смртта на Баумгартнер можеби не била природна
Истрагата за трагичната несреќа во која загина Феликс Баумгартнер (56), легендарниот австриски екстремен спортист, сè уште е во тек, а италијанските власти сега разгледуваат нова теорија – можеби причината за несреќата не била медицински проблем, туку техничка грешка. Баумгартнер почина во четврток во Порто Сант’Елпидио откако неговиот моторизиран параглајдер се урна во хотелски базен. Првичните извештаи велеа дека починал од …
Continue Reading
Доминација на Маркез во Брно
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи. На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг …
Continue Reading