На 25-годишна возраст една од најдобрите пливачки замина во пензија

Една од најдобрите пливачки на денешницата, Австралијката Аријарне Титмус, изненадувачки објави дека ја завршува кариерата. 25-годишната Титмус освои осум олимписки медали, од кои четири златни, три сребрени и еден бронзен. Исто така таа е четирикратна светска шампионка. Најголемиот успех го постигна во дисциплината 400 метри слободен стил, дисциплина во која е двократна олимписка и светска шампионка, а освои и медали …

Continue Reading

Мерцедес ги потврди Расел и Антонели за наредната сезона

Тимот на Мерцедес потврди дека Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели ќе возат за тимот и следната сезона. Потврдата за останувањето на двајцата возачи беше само прашање на време, а беше одложена поради продолжените преговори во врска со обврските на Расел надвор од патеката. Британецот е производ на програмата на Мерцедес за млади возачи, а следната сезона ќе биде негова …

Continue Reading

Осумгодишната сноубордерка од Карпош, Нина Неделковска, е поканета да тренира во Австрија

Пред само две години малкумина знаеја дека во Македонија расте мала, но бестрашна сноубордерка. Денес, осумгодишната Нина Неделковска веќе е име што се спомнува со восхит на снежните патеки во регионот. Малечка на години, но голема во духот – таа со храброст, труд и истрајност покажува дека кога желбата е доволно силна, детскиот сон може да стане реалност. На само …

Continue Reading

„Кралот на Рио“ конечно се пензионираше: Легендарниот Алдо ги закачи ракавиците со солзи

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, 39-годишниот Бразилец Хозе Алдо, го потврди своето пензионирање од спортот вторпат, и тоа го направи во исклучително емотивен момент пред својата домашна публика. „Кралот на Рио“, како што беше официјално наречен, не можеше да избере подобро место за да се збогува со својата неверојатна кариера, и тоа го направи на настан на …

Continue Reading

Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри. Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“. Фемке Бол го освои своето второ светско злато во …

Continue Reading

Суспендиран Конор Мекгрегор

Поранешниот шампион во мешани боречки вештини на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата. Ирецот пропуштил три допинг тестови. Мекгрегор пропуштил три тестови за 12 месеци минатата година, на 13 јуни, 19 и 20 септември, затоа што не им дал на властите информации за неговото живеалиште, објави УФЦ. Неговата суспензија ќе заврши на 20 …

Continue Reading

Хамилтон во Сингапур сруши рекорд на Михаел Шумахер

Луис Хамилтон успеа да сруши рекордот на Михаел Шумахер на неделната трка за Големата награда на Сингапур. Седумкратниот светски шампион, кој од оваа сезона вози за тимот на Ферари, го освои осмото место во Сингапур, откако во финишот јамше проблеми со сопирачките, но успеа да груши рекорд на славниот Германец. Британецот го извози најбрзиот круг на гореспоменатата трка. Тоа му …

Continue Reading

Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки. На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе …

Continue Reading

(Видео) Хорхе Мартин продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација на Ред Бул

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина. Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза …

Continue Reading