Првиот позитивен случај на допинг пред Зимските олимписки игри во Италија

Ребека Песлер беше суспендирана по позитивниот допинг тест утврден од Антидопинг агенцијата на Италија (NADO), поради супстанцијата летрозол метаболит, кој се користи за намалување на нивото на естроген и често е присутен во терапиите за рак на дојка, пренесуваат светските медиуми. Италијанскиот олимписки комитет потврди дека таа веднаш е исклучена од олимпискиот тим, што е првиот позитивен случај на допинг …

Continue Reading

(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон, трката веднаш прекината

Трката на Светскиот куп во спуст во Кран-Монтана во петокот, една недела пред почетокот на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, беше откажана по неколку падови, вклучувајќи го и оној на американската ѕвезда Линдзи Вон, објавија организаторите. „Жирито и организаторите одлучија да ја прекинат трката“, соопштија организаторите на Светскиот куп во алпско скијање. Одлуката ја донесоа откако три од …

Continue Reading

Еден милион денари од Општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијадата

Двајца спортисти од Битола добија признанија на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“ што се одржа синоќа. Боксерите од Битола – Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија. „Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на …

Continue Reading

Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство

Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула. Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност …

Continue Reading

Грција ја декласира Италија, го освои бронзениот медал на ЕП

Грчката ватерполо репрезентација, прв пат во историјата, овои медал на европските првенства. На шампионатот во Белград, во борбата за третото место, Грција ја победи Италија со 12:5 (5:1, 2:1, 3:2, 2:1) и со тоа го освои бронзениот медал. Аргиропулос ги предводеше Грците до овој историски бронзен медал со четири гола, додека за Италија Фереро и Кондеми постигнаа по два гола. …

Continue Reading

(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин

Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом. Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина. Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата …

Continue Reading

Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет

Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1. Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет. За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На …

Continue Reading

Унгарија го елиминира европскиот првак Шпанија

Ватерполо репрезентација на Унгарија стана третиот полуфиналист на Европското првенство, кое се одржува во Белград. Унгарците го победија бранителот на титулата, Шпанија 15:14 (по изведувањето пенали) во директен дуел за второто место во Групата Е. Акос Наѓ беше најефикасен за Унгарците со три гола, додека Серхи Кабањас постигна четири гола за Шпанците. Натпреварот беше изедначен до самиот крај, иако Унгарија …

Continue Reading

Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување

Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград. Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови. Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од …

Continue Reading