Сарџент ќе „плати“ за грешката на Албон
Алекс Албон доживеа тежок инцидент во Мелбурн, целосно го уништи болидот на Вилијамс, но сепак ќе вози во трката за Големата награда на Австралија. Грешката на Албон ќе ја плати неговиот колега,Логан Сарџент, кој ќе мора да го отстапи својот болид. Ова е одлука на британскиот тим. „Со оглед на тоа што болидот на Алекс Албон не може да се …
Continue Reading
Мерцедес ќе мора да го чека Ферстапен до 2028
Трикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека има намера да остане до крајот на договорот со Ред Бул до 2028 година. Со оваа изјава, Холанѓанецот стави крај на шпекулациите дека би можел да се пресели во Мерцедес. По втората сезонска победа на Ферстапен во Саудиска Арабија, одекна изјавата на шефот на Мерцедес,, Тото Волф. „Нема тим што не …
Continue Reading
Сузи Волф покрена постапка против ФИА – Негира дека споделувала информации со Тото
Директорката на женската академија на Формула 1, Сузи Волф, покрена правна постапка против Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) поради контроверзна истрага за конфликт на интереси. Сузи Волф е директорка на женската академија и директно му одговара на претседателот Стефано Доменикали. Нејзиниот сопруг Тото Волф е директор и косопственик на Формула 1 тимот на Мерцедес и спортски директор на Мерцедес. Бизнис магазинот …
Continue Reading
Саинц ќе вози на трката за ГН на Австралија
Возачот на Ферари, Карлос Саинц, најверојатно ќе учествува на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија. Како што денеска објави „Скај спортс“, Саинц се очекува да вози во Мелбурн, откако се опорави од операција на слепо црево. Според овој извор планот на ферари е Саинц да вози во Австралија. Шпанскиот возач учествуваше на првите два тренинзи пред …
Continue Reading
Мерцедес се договори со поранешниот шеф на Ферари
Тимот на Мерцедес го ангажираше поранешниот директор за дизајн на Ферари, Симоне Реста како нов директор за стратешки развој. Како што објави денеска Би-би-си, 53-годишниот Италијанец ќе почне да работи во Мерцедес во 2025 година. Неговото доведување е клучен дел од процесот на реструкција на Мерцедес, бидејќи тие сакаат да се вратат во борбата за титулата. Реста работеше со техничкиот …
Continue Reading
Познати се сите учесници на ракометниот турнир на ОИ
Ждрепката за ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз ќе се одржи на 16.април. На турнирот од 24.јули до 11.август ќе учестувуваат 12 репрезентации, девет европски и по една од Африка, Азија и Јужна Америка. Викендов на турнири шест селекции се пласираа на Игрите во Париз. На турнирот во Хановер првите две места ги освоија Хрватска и Германија, во Унгарија …
Continue Reading
Зубчиќ не успеа да стигне до подиумот во последниот велеслалом во сезоната
Филип Зубчиќ не успеа да се пласира на подиумот во последниот велеслалом во сезоната, одржан на крајот од сезоната во Залбах. Второто возење Зубчиќ го дочека со четврто најдобро време од утринскиот дел од програмата, но во второто возење премногу бавно се спушти по целта за да го подобри својот пласман. Тој заврши осми. Изненадувачки победник на трката беше Швајцарецот …
Continue Reading
„80 илјади луѓе од трибините ќе ја следат борбата на векот“: Тајсон се враќа за да го победи јутјуберот Пол, сумите за заработка вртоглави!
Социјалните мрежи се „запалија“ откако се појави информацијата дека Мајк Тајсон се враќа во рингот за да боксува против Џејк Пол, jутјуберoт кој неодамна се впушти во боречки вештини. Нивниот натпревар е закажан за 20 јули, а ќе се одржи на стадионот „AT&T“ во Тексас, домот на славните Далас Каубојс. Според првите проценки, се очекува трибините да бидат полни и …
Continue Reading
Жената која го обвини Хорнер вложи жалба на одлуката на Ред Бул
Драмата околу жалбата против шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер не е завршена, бидејќи жената која го обвини за несоодветно однесување ќе поднесе жалба на одлуката на Ред Бул да ја отфрли нејзината жалба. Жената која Ред Бул реши да ја суспендира по внатрешна истрага и отфрлање на жалбата, одлучи да поднесе жалба на одлуката на тимот во …
Continue Reading