(Видео) Јокиќ доби син, па се врати на паркетот со трипл-дабл, Денвер загуби од Далас
Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ со трипл-дабл го прослави раѓањето на второто дете. Спрскиот ас и сопругата Наталија добија син, а Јокиќ на паркетото против Далас Маверикс испорача 33 поени, 17 скока и 10 асистенции. Денвер не успеа да го победи Далас и покрај тоа што Јокиќ го водеше тимот до пресврт. Денвер надоместија минус од 20 поени, …
Continue Reading
Сејбен Ли експресно го напушти Макаби
Американскиот кошаркар Сајбен Ли по само шест недели ќе го напушти Макаби од Тел Авив. Ли пристигна во „Гордоста на Израел“ по двете одлични партии за Маниса во Лигата на шампионите на ФИБА, а добар старт имаше и во Макаби. Против Ефес постигна 23 поени, а потоа во последната секунда погоди за победа над Реал Мадрид. Ли ќе се врати …
Continue Reading
(Видео) Франц Вагнер со тројка во финишот ги шокира Лејкерси во Лос Анџелес
Кошаркарите на Орландо Меџик ја прекинаа серијата од пет победи во која беа Лос Анџелес Лејкерс. Изминатата ноќ, во „Крипто.ком“ арена, гостите од Флорида славеа со 119:118. Германецот Франц Вагнер во финишот ги шокира Лејкерси и ги поништи извонредните партии на ветераните Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. „Еџерџиите“ имаа четири поени предност на 27 секунди пред крајот, кога погоди две …
Continue Reading
Македонија загуби од Литванија, мали се шансите за пласман на ЕП
Фото/ kfsm.mk Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Литванија 67:82 во третото коло од квалификациите за пласман на Европкото првенство. Ова е втор пораз на македонските кошаркари во овие квалификации со што значително се намалени шансите за пласман на континенталниот шампионат. Првата четвртина, во која Македонија одигра катастрофално го одреди текот на целиот натпревар. Македонија постигна два поени во …
Continue Reading
Леброн Џејмс ги напушти социјалните мрежи
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс објави дека ги напушта социјалните мрежи до понатамошно известување, откако сподели објава во која зборува за негативното покривање на американските медиуми за кошарката. Џејмс, кој има 212 милиони следбеници на „Инстаграм“ и на „X“ (поранешен Твитер), ја донесе оваа одлука откако сподели објава на Рич Клајман, долгогодишниот менаџер на НБА ѕвездата Кевин Дурент. …
Continue Reading
(Видео) Кавалирс им се вратија на победите, Њујорк го декласира Феникс
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс им се вратија на победите, откако пред неполни 48 часа го забележаа првиот пораз во сезоната. Кавалирс против Њу Орлеанс ја забележаа 16. победа во 17. натпревар сезонава. Кливленд Кавалирс славеа над Њу Орлеанс со 128:120. Тај Џером забележа личен рекорд, постигна 29 поени. Џорџ Нианг додаде 20 поени, додека Џерет Ален и Џејлон Тајсон по …
Continue Reading
(Видео) Бостон ја запре победничката серија на Кливленд, историско остварување на Вестбрук во триумфот над Мемфис
Бостон Селтикс стави крај на победничката серија на Кливленд Кавалирс. Актуелните шампиони го победија лидерот во НБА лигата со 120:117. Дербиот во „ТД Гарден“ го реши неверојатнот шут за три поени на Селтикс, погодија 22 тројки од 41 обид, од нив 14 постигнаа во првото полувреме.Бостон во еден момент ја достигна највосоката предност 71:50, Кливленд се вратија во мечот во …
Continue Reading
Легендарниот Грк ќе биде новиот тренер на Монако
Кошаркарскиот клуб Монако, во понеделникот објави дека Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер. На српскиот тренер му пресуди поразот од Ле Ман во домашното првенство. Медиумите тврдат дека Монако има договор со легендарниот Грк, Василис Спанулис. Спанулис (42) моментално е зафатен со обврските со репрезентацијата и квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Спанулис тренерската кариера ја започна во Перистери. …
Continue Reading
Тежок пораз за Ембид и Филаделфија во Мајами
Мајами ја продолжи агонијата на Филаделфија. Предводени од поранешниот играч на Севентисиксерс, Џими Батлер, Хит славеа со 106:89. Мајами се шести на Истокот со шест победи и седум порази, а Филалелфија се наоѓа на претпоследното место со само две победи и 11 порази. Мајами Хит победникот го решија од третата минута во втората до шестата минута во третата четвртина, период …
Continue Reading