Јокиќ: Поразот од САД на ОИ во Париз најтежок во кариерата
Никола Јокиќ изјави дека поразот од САД на ланските Олимписки игри во Париз е најголемиот во неговата кариера, пренесоа американските медиуми. Јокиќ потсети на полуфиналето на Олимписките игри во Париз, каде Србија беше поразена од селекцијата на САД со 95:91. „Секогаш велам дека тоа беше најтешкиот пораз во мојата кариера. Беше интересен натпревар, се чувствував како сите да навиваат за …
Continue Reading
Трет пат во низа, 13.пат во клупската историја МЗТ го освои Купот на Македонија
Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Купот на Македонија 13. пат во својата историја. Во финалето МЗТ го декласира Кожув со 86:61. Финалето имаше доза на неизвесност само на почетокот на натпреварот. Серијата од 12:3 му ја донесе на МЗТ првата серизна предност (18:10) и од тој момент започна доминацијата на МЗТ. На стартот од втората четвртина, МЗТ стигна и …
Continue Reading
Дуда Ивковиќ влегува во Куќата на славните
Душан Дуда Ивковиќ, еден од најголемите европски тренери на сите времиња, е финалист во изборот за нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд. Веста дојде од Сан Франциско, од Ол-стар викендот, каде беа претставени сите што дојдоа на само чекор од влез во кошаркарската сала на бесмртните, заедно со Ивковиќ има уште 16 кандидати. Конечната листа ќе биде објавена …
Continue Reading
ФИБА Европа: Немојте да го отпишувате тимот со Димитријевиќ и Шортс
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) го објави новото рангирање на европските репрезентации во пресрет на последниот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година. Во пресрет на последната фаза од квалификациските натпревари за Евробаскет 2025 година, ФИБА ги стави кошаркарите на Србија пред Франција, Грција, Латвија, Турција, Германија, Литванија, Шпанија, Италија и Словенија. Македонија, во конкуренција на 32 национални тимови се наоѓа на …
Continue Reading
Њу Орлеанс и ЛА Клиперс победија во продолжението, Оклахома загуби во Минеаполис
Два од петте натпревари одиграни во НБА лигата, пред Ол-стар паузата, завршија по дополнителни пет минути. Ноќта зад нас ја обележа и поразот на Оклахома во Минеаполис. Њу Орлеанс Пеликанс по едно продолжение забележаа триумф над Сакраменто 140:133. Пеликанс славеа 13 пат во сезоната, тие го имаат најлошиот скор на Западот, додека во целата лига полоши од нов се само …
Continue Reading
Денвер славеа во Портланд, Лејкерси паднаа во Јута, Оклахома се врати од -21 и го победи Мајами
Џамал Мареј и Никола Јокиќ постигнаа две третини од поените на Денвер во осмата последовна победа на Нагетс. Лејкерси запишаа пораз кај Јута, а Оклахома со неверојатна последна четвртина надополни минус од 21 поен и го победи Мајами. Џамал Мареј во Портланд постигна 55 поени, а Денвер го победи домаќинот со 132:121. Мареј погоди седум од 15 обиди за три …
Continue Reading
Мициќ: Ќе останам во НБА сè додека имам договор
Се додека не стане слободен играч на крајот од сезоната 2024/25. Василије Мициќ нема намера да ја напушти НБА. Мициќ минатата недела во размена меѓу Феникс и Шарлот се пресели во Аризона. За Феникс се уште не дебитирал, поради повредата на левиот зглоб. На прес-конференцијата на која беше претставен како нов играч на Феникс, Мициќ зборуваше токму за тоа: „Искрено, …
Continue Reading
Лејкерси се засилија со украински центар
Откако пропадна трејдот за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа во 31-годишниот Украинец, висок 213 сантиметри, Алекс Лен. Алекс Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона во 36 натпревари имаше просек од 1,4 поени и 1,8 скока за седум минути …
Continue Reading
Дурент ја мина границата од 30.000 поени – Феникс поразени од Мемфис
Кевин Дурент ја мина границата од 30.000 поени во поразот на феникс од Мемфис 112.119. Гостите до победата ги предводеа бековите Џа Морант со 26 поени, седум скока и шест асистенции и Дезмонд Бејн кој запиша 20 поени, осум скока и четири асистенции. Најефекасен играч во тимот за кој Бредли Бил не можеше да игра поради повреда беше 36-годишниот ветеран …
Continue Reading