Лејкерси повторно ги победија Клиперси
Лос Анџелес Лејкерс по втор пат во период од 48 часа ги совладаа Лос Анџелес Клиперс, Лејкерси славеа со речиси идентичен резултат како и пред два дена. Сега беше 108:102 (34:28, 22:15, 33:34, 19:25). Лука Дончиќ повторно одигра одлично. Тој имаше 29 поени, шест скока и девет асистенции, со што го предводеше својот тим во победа која ги искачи „езерџиите“ …
Continue Reading
Денвер доцна се разбуди во Бостон, Јокиќ на асистенција до трипл-дабл
Кошаркарите на Бостон Селтикс, во неделниот матине термин во САД, славеа победа во дуелот со Денвер Нагетс 110:103. Селтикс во „Ти Ди гарден“, водеа во речиси целиот тек, неколку пати имаа предност и од 20 поени. Денвер трепеливо ја топеа разликата, во еден момент се доближија на три поени, но не успеаја да направат целосен пресврт. Клуни за конечниот исход …
Continue Reading
(Видео) Трипл дабл на Јокиќ во Детроит, Лука и Леброн го решија градското дерби, Мичел ја доби пресметката со Тејтум
Никола Јокиќ со трипл дабл го предводеше Денвер до триумф во Детроит, двецот Лука Дончиќ-Леброн Џејмс блескаше во победата на ЛА Лејкерс во градското дерби против Клиперси, а Кливленд надополни негатива од 22 поени и забележа победа во Бостон, против Селтикс во дуелот на двата најдобри тима во Источната конференција. Денвер Нагетс го продолжуваат подемот во Западната конференција и ноќта …
Continue Reading
Грег Поповиќ потврди дека ги води Спарс до крајот на сезоната
Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар. Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон. „Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна …
Continue Reading
(Видео) Залуден трипл-дабл на Јокиќ во Милвоки, Кари против Орландо броеше до 56, Леброн ја реши Минесота
Денвер Нагетс уште еднаш не успеаја да добијат натпревар кога Никола Јокиќ запиша трипл-дабл. ЛА Лејкерси во дербито на Западот славеа над Минесота, а Стеф Кари во Орландо ја доби револверашката пресметка со Паоло Банкеро. Милвоки го победи Денвер со 121:112. Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 32 поени, 14 скокови, 10 асистенции. Србинот го запиша 27.трипл-дабл сезонава, 157. …
Continue Reading
(Видео) Детроит Пистон го декласираа актуелниот првак
Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига. Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво …
Continue Reading
Сејбен Ли се врати во Евролигата
Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза. Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос. Ли на почетокот …
Continue Reading
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос
Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос. Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“. Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја …
Continue Reading
(Видео) Лука Дончиќ со трипл-дабл го почести „својот“ Далас
Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на неговиот довчерашен тим Далас Маверикс 107:99. Словенецот, кој го држи рекордот на Далас по вкупен број на трипл-дабл (89, од кои 10 во плеј-офот) и постигнати поени по сезона, доби шанса на дело да покаже колку им недостасува на Маверикс. „Кошаркарскиот бизнис може да биде шокантен, а овој (потег) …
Continue Reading