Мојзес Рајт ќе добие македонско државјанство

Американскиот центар Мојзес Рајт е на чекор до трансфер во Барселона, но во исто време би можел да ја промени и репрезентацијата. Како што објави „Basketnews“, поранешниот центар на Жалгирис е во завршни преговори со Кошаркарската федерација на Македонија во врска со добивање државјанство, што би му овозможило да добие европски пасош и во исто време да стане натурализиран Македонец. …

Continue Reading

Ларкин си го откупи договорот и го напушти Ефес

Еден од најдобрите играчи во модерната историја на Евролигата, Шејн Ларкин кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче. Според порталот „BasketNews“, Шејн Ларкин, решил да го откупи својот договор и да уплати на сметката на Анадолу Ефес 400.000 долари. Како слободен играч ќе го напупти клубот, иако имаше договор со Ефес до 2028 година. Американецот ќе потпише за Фенербахче во следните …

Continue Reading

Шарлот го испраќа Ламела Бол во Минесота

Минесота Тимбервилфс ќе го ангажираат Ламело Бол, со пшто дополнително ќе ја зацврстат бековската линија. Шарлот Хорнетс ги испраќаат бекот Ламел Бол и Џош Грин во Минесота Тимбервулвс, објави инсајдерот Шамс Чаранија од „ESPN“. Во спротивна насока се селат Наз Рид, незаштитениот избор од првата рунда на драфтот во 2033 година, три заменски избори од првата рунда (2028, 2029 и …

Continue Reading

Валенсија ја освои титулата во Шпанија

Кошаркарите на Валенсија на најдобар начин ја завршија исклучително успешната сезона. Валенсија ја освои титулата во Шпанија, откако во финалната серија сои 3:1 ја победи Ббарселона. Втор пат во историјата на клубот, Валенсија е шампион на Шпанија! Тие ја победија Барселона со 108:84 во „Блауграна“ и го освоија шампионскиот пехар со 3:1 во серијата. Првата титула ја освоија во сезоната …

Continue Reading

Вашингтон го избра Дибанса од првата позиција на драфтот

Еј Џеј Дибанса беше избран како прв избор на овогодинешниот НБА драфт од страна на Вашингтон Визардс. Тимот од главниот град на САД се одлучи за 19-годишно момче, кое помина само една година на „BUY“ колеџот. „Многу ми значи да бидам прв избор. Изборот број еден ме следеше низ целата средношколска кариера и сакав да бидам во исто друштво со …

Continue Reading

Валанчунас се враќа дома

Центарот на Денвер, Јонас Валанчунас (34), ќе ја продолжи својата кариера таму каде што сè започна, во Литванија. Според порталот „Баскетњуз“, Литванецот ги брои последните денови како член на Денвер и последните денови воопшто во најсилната лига, по што повторно ќе биде слободен да избере нов клуб. Кога официјално ќе се раздели со Денвер на 8 јули, ќе потпише двегодишен …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Јанис Адетокумбо се сели во Мајами

Двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, Јанис Адетокумбо, го напушта Милвоки, кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Според информациите објавени од познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами постигнаа договор за голема размена во која грчкиот ас се сели во Флорида, заедно со искусниот крилен центар Боби Портис. Милвоки ќе ги добие Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, …

Continue Reading

Обрадовиќ се врати во Панатинаикос

Жељко Обрадовиќ имаше спектакуларен прием во салата „ОАКА“ во Атина. По 14 години, Обрадовиќ се врати на клупата на Панатинаикос. Пред прес-конференцијата, Обрадовиќ отиде во салата, каде што речиди 3.000 навивачи на Панатинаикос се собраа на трибините. Тие го скандираа неговото име и создадоа одлична атмосфера со запалени факели. Обрадовиќ беше без работа од ноември минатата година, кога го напушти …

Continue Reading

(Видео) Неверојатни слики од Њујорк – Никс ја слават титулата

Илјадници навивачи на Њујорк Никс, облечени во сини и портокалови дресови, се собраа во центарот на градот за да го прослават освојувањето на титулата во НБА. Никс во финалната серија со 4:1 го победија Сан Антонио, ја освоија втората титула во клупската историја, прва по 1973 година. По целата улица „Чрч“, која се протега паралелно со рутата на парадата, навивачите …

Continue Reading