Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер
Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео. Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од …
Continue Reading
(Видео) Шортс ги избриша солзите, па премина во Панатинаикос
Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција. „Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна …
Continue Reading
Ирвнг доби 119 милиони долари од Далас
Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата ќе остане во Далас Маверикс. Освојувачот на шампионскиот прстен со Кливленд Кавалирс и франшизата од Тексас потпишаа тригодишен договор вреден 119 милиони долари. Кајри ја намали својата плата од 43 на 39 милиони долари, а последната година од договорот се активира на барање на играчот, односно кошаркарот ќе има можност да …
Continue Reading
Шортс му ја донесе историската прва титула на Париз
Кошаркарите на Париз се шампиони на Франција за сезоната 2024/25, откако ја добија серијата против Монако со 3:2. Во мајсторката Париз славеа победа 99:93. Екипата на Тијаго Сплитер славеше во првите два натпревари, а потоа Монако успеа да возврати и да избори мајсторка. Париз го отвори натпреварот подобро, а благодарение на серијата на почетокот на вториот период, таа достигна максимални …
Continue Reading
Пеликанс го испратија Меколум во Вашингтон
Њу Орлеанс Пеликанс го испратија својот најдобар играч Си Џеј Меколум во Вашингтон Визардс, објавија американските медиуми. Заедно со Меколум, Пеликанс го испратија и искусниот канадски центар Кели Олињук во во Визардс, како и избор од втората рунда на идниот драфт, а за возврат ќе ги добијат Џордан Пул, Садик Беј и 40-от избор на претстојниот драфт. Трејдот со Меколум …
Continue Reading
Трејд на релација Бостон-Портланд, Холидеј за Симонс
Бостон Селтикс го испратија Џру Холидеј (35) во Портланд Треил Блејзерс во замена за Анферни Симонс (26) и два пика од втората рунда на драфтот. Бостон на тој начин се ослободи од еден од клучните играчи во освојувањето на титулата минатата година, а причините се првенствено финансиски. Холидеј има договор уште три години и ќе заработи нешто повеќе од 100 …
Continue Reading
Монеке во Звезда
Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“. Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот. Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако. …
Continue Reading
Папапетру ја заврши кариерата
Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира. Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони. Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и …
Continue Reading
(Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА. Оклахома ја победи Индијана со 103:91 во решавачкиот седми натпревар во големото финале и ја освои историската титула на франшизата со резултат од 4-3 во серијата. Домашниот тим одигра одлична тимска кошарка, сепак, натпреварот во Оклахома го обележа тешката повреда на Тајрис Халибартон. По само седум минути игра, Хали ја …
Continue Reading