(Видео) Њујорк Никс се шампиони на Истокот, Брансон МВП на серијата

Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција. Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по …

Continue Reading

Милер-Мекинтаер и Монтеро од следната сезона

Како што објавија медиумите во Грција, Олимпијакос постигнал договор со плејмејкерот на Црвена звезда, Коди Милер-Мекинтаер. Само еден ден по освојувањето на европската титула, тимот од Пиреја веќе почнува да прави планови за следната сезона. Дел од тие планови е искусниот 32-годишен Американец, кој ќе го остане во црвено-бело, но од Белград ќе се пресели во Атина. Тој се согласил …

Continue Reading

Олимпијакос преку Реал до европската титула

Кошаркарите на Олимпијакос се новите шампиони на Евролигата откако го победија Реал Мадрид во финалето со 92:85. Кошаркарите на Олимпијакос ја освоија Евролигата по четврти пат во историјата, овој триумф е прв по пауза од 13 години. Реал го отвори натпреварот многу подобро и брзо стекна голема предност преку расположениот Треј Лајлс, но Олимпијакос го фати ритамот во текот на …

Continue Reading

Моќни се Њујорк Никс, победа ги дели од пласман во големото финале

Кошаркарите на Њујорк победија во Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Никс водеа во текот на целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во големото финале од 1999 година, кога тимот предводен од Патрик Јуинг, Латрел Спривел и Алан Хјустон загуби од Сан Антонио со …

Continue Reading

Обрадовиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда

Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Црвена звезда. Како што објави „Меридијан спорт“, тимот ќе го води Милан Томиќ до крајот на сезоната, на Фајналфор турнирот на КЛС во Ниш (29-31 мај). Како што се додава, по разговорите меѓу клубот и тренерот, донесена е одлука двете страни да се разделат и да се стави крај на епизодата …

Continue Reading

(Видео) Оклахома го врати брејкот, води 2:1 против Сан Антонио

Кошаркарите на Оклахома славеа на гостински терен против Сан Антонио (123:108) и сега водат со 2-1 во финалната серија од Западната конференција. Спарс го започнаа натпреварот со урагански, со серија од 15:0, но актуелниот шампион направи пресврт на почетокот на втората четвртина и ја задржа таа предност до полувремето. Во текот на третата четвртина, водството на Тандер стана двоцифрено, а …

Continue Reading

(Видео) Ланс прв пат во историјата го освои Купот на Франција

Фудбалерите на Ланс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1. Ланс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998). Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон …

Continue Reading

Реал стави крај на бајката на Валенсија, ќе се бори за трофејот во Евролигата

Реал Мадрид 22-ри пат во историјата ќе се бори за титулата европски првак. „Краслскиот клуб“ досега освои 11 трофеи. Во второто полуфинале на Завршниот турнир во Атина, Реал ја победи Валенсија со 105:90. Серхио Скариоло, тренерот на Реал, прв пат во кариерата ќе игра финале во Евролигата, и со тоа ќе има можност за прв пат да го освои овој …

Continue Reading

Олимпијакос го декласира Фенербахче, во недела ќе се бори за трофејот во Евролигата

Олимпијакос му одржа лекција на Фенербахче во преполната арена ОАКА и стана првиот финалист во Евролигата. Во ниту еден момент не изгледаше дека бранителот на титулата може да им се закани на црвено-белите, кои убедливо славеа so 79:61 (18:12, 15:12, 23:17, 23:20). Нестварно звучи податокот дека 16 и пол минути, Фенер не постигна кош на почетокот од првите три четвртини, …

Continue Reading